Во периодот од 5 до 11 октомври 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар отстранети се 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од претпријатието посочуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходна поголема сообраќајна култура, поради што ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар. Целта на овие акции е да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми општата безбедност во сообраќајот на територијата на општината.




