Author: Author 04

Македонија се подготвува за лето кое ќе биде значително потопло од просекот, со чести и изразени топлотни бранови со потекло од Африка. Според метеорологот Славчо Попоски, претстојната сезона ќе донесе температури кои во одредени делови од земјата ќе надминуваат 40 степени. Посебен акцент се става на централните и југоисточните предели на Македонија, каде се очекуваат највисоките вредности на термометарот. „Оваа 2026 година летото во Македонија очекувам да биде потопло од просекот за 1 до 2 степени. Секако оваа година во текот на летните месеци очекувам и почеста појава на оние тропски ноќи кога температурите на повеќето места во Македонија нема…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и…

Повеќе

Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик, велат од СДСМ. „Ова е класична  лага на Мицкоски. ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат. Мицкоски помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“. Сега однапред подготвува алиби…

Повеќе

Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој беа побарани повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот започна пред Работничкиот дом, по што маршот продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а заврши пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека многу работници се плашат да се приклучат на протестите, иако не се задоволни од примањата. „Денеска за жал 260 илјади работници живеат со плата под 600 евра, а само неколку илјади луѓе излегоа на протест за 1…

Повеќе

Вчера во 14:00 во СВР Скопје Х.Т.(54) од Скопје пријави дека од месец декември 2025 до 30.04.2026 преку социјална мрежа и биле упатувани закани од Т.А. (женско лице), а пред две недели била и физички нападната од неа, но не го пријавила настанот. Според пријавеното, Т.А. преку социјални мрежи ги вознемирувала и сопругот и синот на пријавителката.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен А.Г.(43) од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка. Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на Преспанското езеро била пронајдена граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата светска војна.

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.М.(42), А.А.(37), В.Б.(30), Д.С.(30) и В.Ф.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“ СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик. Пријавената М.Т. во време на сторување на делото вработена како…

Повеќе