Author: Author 04

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати серија обвинувања до СДС и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека партијата користи лажни проевропски етикети за да ги прикрие претходните национални предавства. „СДС се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници“, изјави Манасиевски. Според него, доказ за ова се неодамнешните деманти од европратеникот Томас Вајц, како и официјалните соопштенија од Европската Комисија во врска со средствата од ИПАРД програмата. Манасиевски истакна дека додека опозицијата ширела паника, институциите на ЕУ потврдиле напредок во Реформската агенда. Покрај меѓународниот аспект, Манасиевски се…

Повеќе

15-годишно девојче е повредено во петокот вечерта на Калемегдан, каде што паднало од ѕидот околу 21:15 часот. Екипата на брзата помош брзо реагирала, а детето е пренесено во Институтот за мајки и деца. Како што дознава Телеграф, девојчето се обидело да се спушти по еден од ѕидините на тврдината, се лизнало и паднало. Инцидентот се случил на ѕидот помеѓу споменикот Победник и Опсерваторијата во близина на преминот кон Долниот град, а екипата на брзата помош дијагностицирала повреда на десната нога.

Повеќе

Во приватен автомобил со британски регистарски таблички, управуван од млад маж (25), хрватската полиција пронашла нешто повеќе од 13 килограми кокаин и пари на граничниот премин Бајаково со Србија, соопшти денес полициската управа Вуковар-Срем. За време на граничната контрола и прегледот на возилото, полицајците во четвртокот забележале неколку пакети за кои се сомневале дека содржат дрога, пренесува Хина. По темелно пребарување на автомобилот, полицијата пронашла вкупно 13.540 грама кокаин, како и пари за кои се сомнева дека се добиени од криминални активности. Дрогата и парите се привремено запленети, а кривична пријава против осомничениот е доставена до надлежното државно обвинителство.

Повеќе

Венко Филипче е лицемер кој пет пари не дава за работниците ниту за државните интереси. Тој први мај го прослави ударнички од Рим, преку лет Скопје-Франкфурт Франкфурт-Рим, како што пренесоа и открија медиумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес нема да излезе на прес-конференција, затоа што е на продолжен викенд и мисли за Македонија од Рим. Немаме против патувањата на Филипче, но имаме против да се прикажува за лажен душегрижник за работниците, стандардот и иднината на Македонија од странство и живеејќи живот како џет сет плејбој. Лицемер е мал збор за ваков човек“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова извршна наредба со која се прошируваат санкциите против кубанската влада. Целта на овој потег е да се зголеми притисокот врз официјална Хавана преку дополнителни рестрикции. Новите мерки се директно насочени кон лица и компании поврзани со безбедносниот апарат на кубанската влада. Дополнително, под удар се и сите оние кои се обвинети за корупција и сериозни прекршувања на човековите права. Вашингтон предвидува санкциите да опфатат и странски субјекти кои работат во клучните сектори на кубанската економија. Ова е дел од долгогодишните барања на САД за отворање на државното стопанство, исплата на обештетување за одземени имоти…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласи дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата. „Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои се многу добри специјалисти, работат на високо ниво и се почитувани во земјите каде што работат. Ние не сакаме овој човечки капацитет да остане неискористен“, изјави министерот Алиу. Според него, преку телемедицината ќе се овозможи овие професионалци да придонесуваат директно…

Повеќе

Нови напади на израелските сили врз јужниот дел на Либан резултираа со најмалку 12 загинати лица, меѓу кои и едно дете. Според официјалните податоци од либанското Министерство за здравство, во нападите се повредени уште 25 лица. Израелската армија потврди дека извршила напади, наведувајќи дека тие биле одговор на претходни дејствија на Хезболах. Од Тел Авив соопштија дека милитантната група лансирала неколку дронови кон израелски војници стационирани во јужен Либан, а била пресретната и ракета насочена кон област каде што дејствуваат нивните сили. Иако е на сила формално примирје, судирите на теренот меѓу Израел и Хезболах не запираат и се случуваат…

Повеќе

Денешниот ден носи интересна динамика за сите хороскопски знаци, со посебен акцент на финансиската стабилност, личниот развој и социјалните односи. Овен Акцентот е ставен на финансиите. Можна е вест за прилив или стара инвестиција. Во љубовта, искрениот разговор со партнерот ќе расчисти долгогодишни дилеми. Бик Месечината во вашиот знак носи енергија и шарм. Искористете го денот за лични проекти. На работа, вашата упорност ќе биде забележана од претпоставените. Близнаци Идеална сабота за интроспекција и одмор од бучавата. Креативните идеи кои ќе ви дојдат во тишина можат да станат профитабилни наскоро. Рак Фокусот е на пријателствата. Покана за собир ќе ви…

Повеќе

Американското Министерство за одбрана официјално ќе повлече 5.000 војници од Германија. Ваквата одлука доаѓа како директна последица на ескалацијата на спорот меѓу претседателот Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Главната точка на недоразбирање меѓу двајцата лидери е војната со Иран, прашање кое предизвика сериозни тензии во односите меѓу Вашингтон и Берлин. Одлуката за редуцирање на военото присуство ја донел министерот за одбрана Пит Хегсет. Од Пентагон соопштија дека процесот на повлекување треба да биде завршен во период од шест до дванаесет месеци. Трамп веќе јавно упати критики до Мерц, откако канцеларот ја оспори американската стратегија кон Иран. Американскиот претседател…

Повеќе

Поминаа три недели откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија нема да биде “безбедна” куќа за криминалци и посебно го спомена Никола Груевски, велат од СДСМ. „Од страна на Владата на Мицкоски и Министерството за правда сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на осудениот криминалец Груевски. Мицкоски не сака да го побара Груевски. Не знае што да прави со него. Ако го апси – ќе се соочи со осуда на сопственото членство. Затоа Мицкоски тивко му дава можност на Груевски да побегне. Затоа документите или патуваат или се заглавија во Пошта. Ова не е случајност. Ова е…

Повеќе