- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, локално утре процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.Минималните утрински температури ќе се спуштат до 6 степени додека дневните максинмални температури ќе се искачат до 33 степени.
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која беше задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најави министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“. Ваквата одлука следува по извршената соодветна суперанализа во странство, која дефинитивно потврдила дека доставените примероци од униформите не го исполнуваат бараниот квалитет што бил пропишан во официјалната тендерска документација. Покрај раскинувањето на склучениот договор, од МВР најавуваат дека во наредниот период ќе биде активирана и банкарската гаранција од компанијата. Министерот Тошковски во однос на процедурите и законските рокови за набавката ја даде следната изјава: „Согласно она…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект. „Според актуелниот шест-месечен ЕУРИБОР од 2,562% и договорената маржа од 2,10 процентни поени, овој заем во моментот би чинел околу 4,66% годишно. Во зависност од конечниот распоред на отплата, државата би платила приближно меѓу 58 и 64…
Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји. Николоски се заблагодари за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи и се заблагодари за измените на Законот за работни визи кои веќе ги направи Република Хрватска кои се од…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за водење попустлива политика во однос на бугарските барања. Од владејачката партија посочуваат дека уставните измени не се последната пречка за евроинтеграциите, туку само почеток на поширок процес кој ги засега македонскиот јазик, историја и идентитет. „Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ“, изјави Манасиевски. Според него, намерата на бугарските власти не е само внесување на Бугарите во Уставот, туку целосно…
Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша Меморандум за соработка со зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел поставување рамка за модернизација, едукативен развој и нивно усогласување со европските стандарди. Потпишувањето на овој документ се реализираше во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот во Зоолошката градина Скопје, под мотото „Делување локално за глобално влијание“. Според надлежните, овој чекор претставува потврна на заедничката заложба за унапредување на грижата за животните, заштита на биодиверзитетот и развој на зоолошките градини како современи едукативни и конзервациски центри. Од ЗОО Скопје по настанот соопштија дека остануваат посветени на создавање подобри услови…
Неколку лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел, каде што се судрија воз и школски автобус. Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица и веќе започнал да сопира. Несреќата се случила во 8:08 часот наутро, кога школскиот автобус влегол на железничкиот премин. „Снимките од надзорните камери покажуваат дека портите биле затворени, а семафорот бил црвен. Не знаеме како можела да се случи несреќата“, се вели во соопштението. Точниот број на загинати и повредени лица…
Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на излезот од градот, во близина на местото викано „Грдовска петла“. Според првичните неофицијални информации, дошло до директен судир помеѓу комбе со винички регистарски ознаки и мотоцикл, управуван од сега веќе починатиот млад човек, објави порталот 4news.mk. Од силината на ударот, мотоциклистот се здобил со тешки повреди и починал на самото место. Веднаш по пријавувањето на случајот, на терен излегле екипи на Итната медицинска помош, Министерството за внатрешни работи (МВР) и надлежни дежурни служби.
Астролошките транзити во следниот период носат значителни финансиски промени за четири знаци од зодијакот. Ретроградното движење на Плутон, кое ќе трае до октомври 2026 година, директно ќе влијае врз куќите на парите кај овие знаци. Професионалната астрологка Хелена Хатор во своето видео појаснува дека оваа енергија „го разградува стариот живот и носи нов кој е многу поизобилен финансиски“. Според неа, периодот бара целосен фокус бидејќи до октомври доаѓа време на изобилство. Кај Раковите, финансиското подобрување е веќе во тек со почетокот на новиот седумгодишен циклус на Уран во Близнаци. Хатор истакнува дека „промените што ги правите сега ќе имаат влијание…
Ученик во последната година од средно училиште во чешкиот град Табор се струполил и починал непосредно пред почетокот на завршниот испит. Инцидентот се случил пред самата училишна зграда, каде што учениците биле собрани и чекале да влезат во училниците за полагање. И покрај брзата интервенција и напорите на лекарите кои пристигнале на местото, матурантот не успеал да биде спасен. Директорот на училиштето, Радек Циха, ја потврди веста за смртта на ученикот. Околностите кои довеле до оваа трагедија сè уште не се познати, а полициската истрага е во тек. Поради настанот, сите планирани испити во училиштето се откажани и одложени за…
