- Полициска акција низ Македонија: Уапсени седум возачи, фатени како возат пијани, без дозволи и под забрана
- Алармантни 24 часа во Македонија: Нападнат маж во Скопје, пијан велешанец ја тепал сопругата, кумановец ја нападнал ќерката
- ЕК одобри 65,7 милиони евра за Македонија преку Планот за раст
- Филипче: Првиот чекор е јасен – уставни измени, имаме конкретен предлог од сите членки на ЕУ
- Инцидент во Градскиот парк: Пијан малолетник нападнал полицајци во Карпош
- Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат
- (ФОТО) Шверц на дрога на Стар Дојран: Фатени со 66 пакувања марихуана во автомобил, полицијата уапси две лица
- (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг
Author: Author 04
Вчера во 15:30 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 17-годишник од Неготино, затоа што откако ги забележал полициските службеници, малолетникот фрлил паковка со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Како што се наведува во полицискиот билтен, малолетникот бил приведен во полициска станица и во присуство на родител, адвокат за малолетници и претставник од Центар за социјални работи бил извршен службен разговор. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Р.(37) од Велес. Според пријавеното, тој на регионален пат Чашка-Велес, управувајќи патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, при претекнување со патничко возило „форд” со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од Велес, од возилото му упатил закани, при што го следел и кога А.Ѓ. застанал со возилото, Т.Р. удрил во неговото возило, по што го напуштил местото, а по кратко се вратил и му се заканил со употреба на остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а по преземени мерки било констатирано дека Т.Р.…
Вчера во СВР Велес било пријавено дека во планински предел во близина на с.Страмашево, демиркаписко, В.Б.(46) од Република Чешка, поради дефект на мотоциклот кој го управувал, побарал помош за негово извлекување од местото. Од полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијална противпожарна единица Неготино, било извршено пребарување на теренот, каде лицето било пронајдено и преземено од местото во добра здравствена состојба.
Лишени од слобода пет лица за семејно насилство, двајца од Куманово, едно лице од Љубљана, Р.Словенија, едно лице од струмичко и едно од Велес На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца. На 01.05.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка. На 01.05.2026 во 20:40 часот, на булеварот ,,Македонски Просветители“, во Охрид лишен од слобода е И.К.(48) од Љубљана, Република Словенија по…
Лишени од слобода 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под алкохол, еден малолетник без возачка Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во Охрид и Тетово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американската морнарица спроведува поморска блокада на иранските пристаништа, дејствувајќи „како пирати“ во текот на конфликтот со Иран. Оваа изјава доаѓа по запленувањето на ирански брод и неговиот товар пред неколку дена. „Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилен бизнис. Ние сме како пирати. На некој начин сме како пирати, но не се шегуваме“, посочи Трамп при опишувањето на акцијата. Додека Иран ги држи под блокада речиси сите бродови во Ормускиот Теснец, САД возвратија со запленување на танкери и контејнерски бродови во азиските води. Конфликтот, кој започна на 28…
Вчера во 16:00 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Р.(25), С.Б.(21) и малолетник, сите од Скопје, З.Т.(42) и В.Н.(26) двајцата од с.Волково, скопско, и М.Б.(19) од с.Средно Коњаре, скопско затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје М.Г.(31) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош на ретровизорот од патничко возило кој претходно му бил оштетен имало забиено нож на расклопување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во периодот од 21:20 до 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти, при тоа во објект на ул. „Димо Гавроски Кара“, во тоалетните простории, пронајдени се мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, кеса со бела прашкаста материја и фолија со марихуана. Со сопственикот Е.Б. и вработениот Е.Е. бил извршен службен разговор во полициска станица. Пронајдените предмети се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По извршени проверки, било констатирано дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта.…
