Осумнаесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди при обид за кражба на електрични кабли од трафостаница во Бенковац, соопштија денеска од задарската полиција.
Инцидентот се случил вчера во попладневните часови кога младичот влегол во објектот и се обидел да исече и да извади кабли од метален кабинет на високонапонската мрежа. При обидот за кражба настанал краток спој и топлотен удар кој му нанесе сериозни повреди.
Поради тежината на повредите, тој итно бил пренесен во Општата болница во Задар.
По медицинските прегледи, лекарите констатирале тешки телесни повреди, по што момчето е задржано на понатамошно болничко лекување.
Полицијата изврши увид на местото на настанот за целосно расчистување на случајот.

