- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 04
Странските државјани кои планираат да аплицираат за американска „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја започнат целата процедура надвор од територијата на САД, пренесува агенцијата ДПА. Ова е одлука на Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС), согласно новите правила на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Според новото правило, секој странски државјанин кој привремено престојува во САД ќе мора да се врати во својата матична земја за да поднесе барање, освен во вонредни и исклучителни околности. Досегашната американска пракса им овозможуваше на туристите, студентите и други привремени посетители, под одредени услови да аплицираат за постојан престој додека се…
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествуваше на државно-црковниот молебен во Рим во чест на св. Кирил, настан кој годинава е во организација на Собранието на Република Северна Македонија. Љутков во изјава за медиумите пред црквата „Сан Клементе“, каде што се наоѓа гробот на светителот, потенцираше дека ова чествување има длабоко духовно и цивилизациско значење за земјава. Министерот посочи дека св. Кирил е еден од најголемите просветителски дејци кој оставил трајна трага во развојот на словенската писменост и култура. „За нас како држава, наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и денес и тоа се гледа од…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати официјална честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите. Во своето празнично обраќање, собранискиот спикер нагласи дека влашката заедница отсекогаш имала значајно место во државата. Гаши потенцираше дека овој ден е важна можност за дополнително афирмирање на соживотот, почитта и зачувувањето на идентитетот. „По повод Денот на Власите, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам најискрени честитки до сите припадници на влашката заедница. Овој ден претставува посебна можност за афирмирање на вредностите на соживотот, меѓусебното почитување и зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на…
Судија на претходна постапка доцна синоќа му определи мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Мерката притвор е донесена на барање на надлежното јавно обвинителство по спроведениот распит во судот. Во страотниот судир што се случи во близина на клучката Мирковци, животот го загубија вкупно четири лица.
Денеска објавуваме нови информации, како продолжение на изминатите соопштенија поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Ова што денеска го презентираме отвора сериозни прашања и претставува повод надлежните институции да постапат и да го испитуваат потеклото на капиталот и имотот, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција. „Станува збор за компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје, која е во сопственост на Недим Рама и партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Компанијата е регистрирана за изнајмување на автомобили и се наоѓа на официјалната листа на рент-а-кар компании на Меѓународниот аеродром Скопје. Го прашуваме Недим Рама: со колкав капитал и од…
Партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе тврдења за наводна соработка меѓу претседателот на СДС, Венко Филипче, и бугарските власти. Според него, целта на оваа соработка е внесување на Бугарите во Уставот, што според партијата ќе отвори дополнителни барања од Бугарија поврзани со идентитетот, јазикот и историјата. Манасиевски покажа фотографија на која, како што рече, се гледа поранешниот член на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“. Од владејачката партија посочуваат дека оваа фондација е позната по ширење на бугарска пропаганда во Македонија и по гледишта кои ја негираат македонската…
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво. Министерството за финансии и во 2026 година продолжува со засилени теренски и вонтеренски…
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија итна наредба да ги напуштат своите домови по големо истекување на опасна хемиска супстанца. Надлежните служби предупредуваат дека хемикалијата може да предизвика силна експлозија и да формира голем отровен облак над густо населеното подрачје. Еколошкиот инцидент се случил во населено место во округот Оринџ, кој се наоѓа во јужните предградија на Лос Анџелес. Според првичните информации, таму попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи за производство на пластика. Претставници на противпожарната служба веднаш алармираа дека ситуацијата на терен е…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати официјална честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите, со желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови. Во рамки на празничното обраќање, премиерот Мицкоски стави посебен акцент на историската улога и културниот придонес на оваа заедница во земјава. Тој нагласи дека влашката култура, традиција и обичаи претставуваат силен и препознатлив белег во севкупниот развој на државата. Премиерот во честитката повика на заеднички ангажман на сите граѓани за унапредување на општествените вредности и економскиот напредок. „Единството, толеранцијата, разбирањето се вредности со кои мора сите заеднички да се стремиме и да…
Летото 2026 година со себе носи големи животни промени, нови познанства и чувство дека граѓаните конечно можат да земат здив и да се одморат од напорната година. Астролозите тврдат дека три хороскопски знаци особено ќе почувствуваат наплив на среќа, позитивна енергија и задоволство во наредните месеци. За нив ова 2026 година ќе биде период во кој љубовта поминува полесно, парите доаѓаат неочекувано, а патувањата се следат едно по друго. Дополнително, кај овие три знаци социјалниот живот комплетно ќе процвета, додека нивната лична самодоверба ќе расте од ден на ден. Први на листата се Лавовите, кои важат за апсолутни кралеви на…
