Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Бегството на Михајлова во Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум
    • Клековски во понеделник во Софија на средба за повредените од кочанската дискотека „Пулс“
    • Тоневски: Вратени над 50 милиони денари од долгот на Пробиштип, во тек се инвестиции од над 100 милиони денари
    • МВР: Паднаа четири дрвокрадци, запленети 40 кубици нелегално дрво кај Мраморица
    • Манасиеввски: Филипче и Заев ветиле на блиски соработници на Радев, дека ќе изготват медицински извештај за Ива Михаилова?
    • Клековски ја посети Клиничката болница во Штип: Отворен нов мултидисциплинарен кабинет за дојка
    • (ФОТО) Запленети над 500 кубни метри дрва и поднесени 140 пријави во засилените акции на Шумската полиција
    • Нов смртен случај од западнонилска треска во земјава, вкупната бројка достигна 11 починати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Бегството на Михајлова во Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум

    Клековски: Бегството на Михајлова во Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум

    14.10.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради најавеното доаѓање на бугарскиот лекарски конзилиум во Македонија кој, по проверката на нејзините наводи, ќе утврдел дека во случајот нема здравствена основа.

    Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски.

    Против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа во текот на постапката се жалеше на дискриминација поради нејзиното двојно државјанство, македонско и бугарско, односно дека не ѝ е дозволено да се лекува во Бугарија. Нејзиниот татко, Симеон Михајлов, исто така се наоѓа во Бугарија по изречената затворска казна од 12,5 години за случајот „Детонатор“, а македонските власти во моментот имаат распишано меѓународни потерници по двете лица.

    Претходно, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за време на посетата на Софија изјави дека Македонија е подготвена да дозволи бугарски медицински специјалисти да ја посетат и да се запознаат со нејзиното здравствено лекување.

    Муцунски нагласи дека случајот има два одделни аспекти – судската постапка во која извршната власт не може да се меша и нејзината здравствена состојба за која македонските власти покажале подготвеност за соработка.

    Прочитај повеќе

    Клековски во понеделник во Софија на средба за повредените од кочанската дискотека „Пулс“

    14.10.2026 во 12:16

    Тоневски: Вратени над 50 милиони денари од долгот на Пробиштип, во тек се инвестиции од над 100 милиони денари

    14.10.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.