Author: Author 04

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која се разговараше за можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, како и за размена на знаење и искуства во земјоделството. Во делот на трговската размена, посебно внимание беше посветено на можностите за пласман на македонското вино на кинескиот пазар. Органското производство беше издвоено како дополнителен сегмент со потенцијал за воспоставување нови деловни врски меѓу производителите и компаниите од двете земји. Соговорниците ги разгледаа можностите за соработка во примената на напредни земјоделски техники, паметното производство и користењето…

Повеќе

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци се регистрирани преку системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар во првите два дена од неговото функционирање, информираат од СВР Охрид. На 12 октомври, првиот ден од функционирањето на системот, биле регистрирани 148 прекршоци, а исто толку биле евидентирани и на 13 октомври, заклучно со 19 часот. Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор и управување со нерегистрирани возила. Од СВР Охрид информираат дека сите прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата…

Повеќе

Заинтересираните граѓани кои спаѓаат во ризичните групи од денеска може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку веб-страницата vakcinacija.mk, соопштија од Министерството за здравство. Со пополнување на електронската форма, граѓаните се регистрираат директно во системот „Мој Термин“. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, тие ќе добијат СМС-порака со информација за точниот датум, час и пункт кој го избрале при регистрацијата. Бесплатната вакцинација против сезонски грип ги опфаќа следните ризични категории: Од Министерството за здравство потенцираат дека вакцинацијата претставува најефикасна мерка за превенција од грип, со која се спречува појава на потешки форми на болеста, компликации и…

Повеќе

Успешна заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, кривична пријава против 20-годишник од Тетовско Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство…

Повеќе

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска, на покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, присуствуваше на одбележувањето на 59-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите. Ѓорѓиевски истакна дека МАНУ има посебно место во националниот и општествениот развој, посочувајќи дека силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. „Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена…

Повеќе

Од Електродистрибуција информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (15 октомври 2026 година) без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров. Во општина Кисела Вода, прекин на електричната енергија ќе има на улицата Партизански пат 2, во периодот од 09:00 до 13:00 часот. Во општина Ѓорче Петров, без струја ќе биде дел од селото Орман, односно улицата 2, во периодот од 09:00 до 15:30 часот.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалниот експертски состанок за зајакнување на прекуграничната кривично-правна соработка и заштита на странски жртви во случаи на трговија со луѓе, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ). Во своето обраќање, министерот Тошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. Тој изрази благодарност до УНОДЦ за организацијата на состанокот, истакнувајќи дека присуството на експерти и делегации од регионот, но и од Јужна Америка, ја потврдува заедничката определба за…

Повеќе

Владата работи на создавање услови за деблокирање на евроинтегративниот процес и продолжување на патот кон Европската Унија, при што членството останува стратешка цел на државата, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Арбана Пашоли од Европскиот фронт. Мицкоски нагласи дека во однос на европската перспектива на државата нема промена на стратешката определба. Тој посочи дека Владата води дијалог со Бугарија, а во тој процес понуди директно да биде вклучена и опозицијата. Премиерот упати јавен повик до опозициските партии да предложи свои претставници кои би биле дел од тимот задолжен за разговорите со источниот сосед. Осврнувајќи се на актуелната…

Повеќе

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, одржано во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје, вештакот Петре Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Обвинителството пак укажува на градење без проект, посочувајќи дека со интервенциите дискотеката добила 88 м² дополнителен внатрешен простор без изработен проект за статика. Според Русески, изведбата на надворешните железни скали за влез во дискотеката претставува браварско-занаетчиски зафат кој функционира како независен елемент. „За овие занаетчиски работи не е потребна инспекција ниту посебно одобрение согласно Законот за градење,…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните измерени температури низ градовите и мерните станици во Македонија за 14 часот. Според податоците од метеоролошките станици, најтопло денеска во 14 часот е измерено во Гевгелија со 17.0 степени Целзиусови, по што следуваат Зајчев Рид со 16.4 и Велес со 16.3 степени. Од друга страна, најстудено е на Попова Шапка каде што се измерени 3.5 степени, како и во Радовиш Пожар со 7.2 и Крушево со 8.0 степени. Еве ја комплетната листа на измерени температури во 14 часот:

Повеќе