- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје навремено да ги завршат подготовките за претстојната грејна сезона 2026/2027 година. Од компанијата потсетуваат дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е обврска на потрошувачите, кои се повикуваат сите интервенции да ги пријават во Центарот за грижа на потрошувачи веднаш по нивното завршување. За правилно функционирање на системот неопходно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување. Официјалниот почеток на грејната сезона е предвиден за 15 октомври, но согласно регулативата таа може да започне и…
Времето утре променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат со поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Од УХМР соопштија дека под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе…
Маневски: Зелениково бележи значајни инвестиции во првата година од мандатот, следуваат нови проекти
Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, на денешната прес-конференција презентираше отчет за сработеното во првата година од новиот мандат, истакнувајќи дека општината реализирала низа клучни инфраструктурни и комунални проекти. Според Маневски, во изминатиот период се реконструирани повеќе локални улици во Станица Зелениково, Ново Село, Орешани и околните населени места, а изградени се и нови пешачки патеки со цел поголема безбедност на граѓаните. Истовремено, комуналните капацитети се зајакнати со набавка на ново специјализирано возило за отпад и мултифункционално возило за одржување патишта, а реконструирана е и локалната амбуланта. Значаен акцент беше ставен на проектот за градски воз на релација Зелениково–Скопје, кој…
Потрошувачката кошница на Министерството за економија во август изнесува 58,845 денари, околу 11 илјади денари помалку од синдикалната. Министерот Дурмиши вели дека разликата е во методологијата, односно во производите и трошоците што се пресметуваат. На прашањето колку пари им остануваат на граѓаните откако ќе ги платат сите сметки, Дурмиши не даде конкретен одговор, туку рече дека пресметката покажува колку му се потребни на едно четиричлено семејство за еден месец. За инфлацијата од 2,7 проценти во септември, тој рече дека земјава има пониска инфлација од европскиот просек и дека намалувањето на акцизите за горивата помогнало да се заштити животниот стандард. Кажа…
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за прашањето со моштите на Цар Самуил. Според него, Филипче агитира директно за Бугарија и ги застапува нејзините позиции на штета на македонските. Манасиевски истакна дека ставовите на Филипче околу уставните измени се идентични со оние на соседната земја, потсетувајќи на поранешните изјави поврзани со историските наративи за Втората светска војна и македонскиот јазик. Исто така, тој нагласи дека молкот за пренесувањето на моштите на Цар Самуил е резултат на претходни договори на историската комисија. „Замислете на што сè е…
Во Собранието се гласаше за предлогот на СДСМ за воведување минимална плата од 600 евра, но истиот не ја доби потребната поддршка. На Светскиот ден на пристојна работа, пратениците на Левица не беа во салата и не дадоа ниту еден глас, соопшти портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска. Според Кузеска, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа „за“, изостанаа и пратениците од ДУИ, а повисока плата поддржаа само пратениците од СДСМ и коалицијата. Од партијата потсетуваат на предизборните ветувања на Левица за заштита на работничките права и прашуваат зошто партијата не го поддржала…
Основното училиште „Вук Караџиќ“ во Нови Сад утрово е итно евакуирано поради закана од поставена експлозивна направа. Екипите за контрасаботажа (КД) веднаш се упатени на местото на настанот за да извршат детален преглед на училишните згради и простории, јавуваат медиумите. Потсетуваме дека слични пријави за наводно поставени бомби утрово пристигнаа и во неколку основни и средни училишта во Белград. Заканувачките известувања до учебните установи беа испратени преку електронска пошта, по што следеше брза и ефикасна реакција од надлежните служби.
Рачна граната е пронајдена во четвртокот малку пред 16 часот пред канцеларијата на Радио-телевизија Херцег-Босна во Кисељак. Полицијата пристигна на местото на настанот кратко по пријавата и го обезбеди просторот, објавува порталот Avaz.ba. Засега нема официјални информации за тоа како експлозивната направа завршила пред просториите на овој медиум, ниту пак е познато кој ја оставил. Повеќе детали се очекуваат откако надлежните органи ќе ја завршат истрагата. Ова не е прв пат рачна граната да биде пронајдена пред канцеларијата на РТВ Херцег-Босна во Кисељак. Сличен случај беше забележан кон средината на јули оваа година, кога на истата локација беше откриена експлозивна…
Падот на нивото на реката Дунав во бугарскиот сектор продолжува, а водостојот се задржува на критично ниски вредности, соопшти Извршната агенција за истражување и одржување на Дунав. Според податоците од порталот „Новините“, мерните станици бележат индикатори кои се далеку под условното нулто ниво во речиси сите поголеми хидрометеоролошки станици. Трендот на повлекување на водата продолжува, при што намалувањето во средниот и долниот сектор изнесува помеѓу 3 и 6 сантиметри дневно. Минимални дневни осцилации се регистрираат во највисокиот дел од протокот во близина на Ново Село и Видин, што сепак не ја менува општата слика за силна суша и ниско ниво…
Автобусот што ги превезуваше учениците од Гимназијата во Суботица на матурска екскурзија во Прага се запали во четврток наутро, соопшти Унијата на средношколци на Србија. За среќа, учениците сè уште биле во хотелот кога избувнал пожарот и никој не е повреден. Овој драматичен настан сериозно ја доведува во прашање безбедноста на учениците на организираните екскурзии, предупредуваат од Унијата. Особено застрашувачки е фактот што, доколку учениците го напуштеле хотелот само половина час порано, тие ќе се наоѓале во возилото во моментот на пожарот. Официјален извештај за причината сè уште нема, па засега не може да се зборува за одговорност, но Унијата…
