Author: Author 04

Вчера во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат  Штип-Делчево, во близина на место викано  „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Охрид оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој предводи висока владина делегација во официјална посета на земјава. Главна точка на состанокот беше потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади. Како што појасни премиерот Мицкоски, разговорите опфатиле серија теми од билатерален интерес, вклучувајќи ги економијата, инфраструктурата, енергетиката и евроинтеграциите, со порака дека односите меѓу Скопје и Загреб се подигнуваат на повисоко ниво. Мицкоски во своето обраќање ја образложи важноста на новиот билатерален документ: „Овој договор е повеќе од дипломатски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави отпочнување на голема теренска акција која ќе ги опфати сите скопски општини. Целта на посетите е директен увид во проектите и остварување средби со локалното население. Како што информираше Ѓорѓиевски, на терен со него ќе бидат присутни и раководните лица на градските јавни претпријатија, со цел брзо решавање на лоцираните проблеми. Тој преку социјалните мрежи ги сподели деталите за оваа иницијатива: „Започнуваме голема теренска посета во сите скопски општини! Почитувани, Скопје се гради со работа, со збор што се исполнува и со гласот на граѓаните. Вашиот глас, вашите потреби и вашите барања се…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека Владата повторно ги коригира економските проекции, при што растот на БДП се намалува од 3,8 на 3,5 проценти, а инфлацијата се зголемува од 2,5 на 4,5 проценти, што, не е техничка корекција, туку доказ за…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, на која главен акцент бил ставен на имплементацијата на реформите и зајакнувањето на капацитетите на полицијата. За време на разговорот, како што информираат од МВР, се дискутирало за клучните аспекти на соработката со Брисел, како и за тековните проекти кои се спроведуваат со европска помош. Министерот Тошковски преку социјалните мрежи упати благодарност до европските партнери за досегашната поддршка: „Остварив средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, на која разговаравме за реформските процеси, унапредувањето на капацитетите на Министерството за…

Повеќе

Опозициската СДСМ преку пратеникот Митко Трајчулески упати остри критики до економските и фискалните политики на Владата, реагирајќи на законското решение за ново задолжување на државата кај комерцијалните банки по скратена постапка. Трајчулески од собраниската говорница посочи дека на седницата не присуствувала министерката за финансии, обвинувајќи за брутално кршење на процедурите и деловникот во законодавниот дом со цел да се изгласа ова задолжување. Според опозицијата, ваквиот чекор е резултат на погрешното буџетско планирање на јавните приходи и расходи, за што, како што рече, претходно алармирал и Фискалниот совет. „Најновите истражувања на ММФ покажуваат дека, поаѓајќи од оптимистичките проекции на јавните приходи…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид и посака добредојде на високата владина делегација од Република Хрватска, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, која престојува во официјална посета на земјава. Како што информираше министерот, за време на официјалните состаноци се отворени повеќе клучни теми од билатерален и меѓународен карактер, со посебен акцент на идните заеднички проекти. Муцунски преку социјалните мрежи ги сподели главните точки од разговорите во Охрид: „Во фокусот на разговорите се продлабочувањето на соработката меѓу двете земји, регионалната соработка и стабилност, европската перспектива на државата и хрватската поддршка на евроинтегративниот процес, партнерството во рамки…

Повеќе

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие На 25.05.2026 во 04:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.С.(51) од Битола, бидејќи во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, а притоа користел и метални и дрвени предмети. Од страна на судија од Основен суд Битола на Т.С. одредена му е мерка притвор. На 25.05.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј. (28) од кумановско село, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе следува…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.5.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг и сега изнесува 51,144 ден/кг.Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе…

Повеќе

Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. При извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, како и низа неправилности во однос на изведбата на објектот. Инспекциските служби утврдија дека постои свлечиште на земјиштето, по што веднаш се…

Повеќе