Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали на средба со амбасадорот на Црна Гора: Евроинтеграциите и билатералната соработка во фокусот на разговорите

    Сали на средба со амбасадорот на Црна Гора: Евроинтеграциите и билатералната соработка во фокусот на разговорите

    15.10.2026 во 10:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миланиќ, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка.

    Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Северна Македонија за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување.

    На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови.

    Министерот ги претстави и приоритетите на Северна Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите.

    Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.