Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Катастрофални поплави во Истанбул: Има жртви, не работат училиштата

    (ВИДЕО) Катастрофални поплави во Истанбул: Има жртви, не работат училиштата

    15.10.2026 во 10:042 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку две лица, меѓу кои и едно 14-годишно дете, загинаа во поплавите што ја погодија Турција по обилните врнежи од дожд.

    Во истанбулската населба Фатих, 14-годишно дете го загуби животот од струен удар откако влегло во бар во парк. Детето било пренесено во болница без свест, каде што лекарите не успеале да му го спасат животот.

    Во населбата Саријер, едно лице починало откако паднало при обид да премине улица за време на поплавата.

    Во одделни области се регистрирани дури 242 килограми дожд на квадратен метар, а според метеоролошките прогнози, обилните врнежи продолжуваат.

    Метеоролошкиот консултант на CNN Türk, проф. д-р Орхан Шен, предупреди дека дождливото време ќе продолжи и за време на викендот.

    „Денес е поризично од вчера. Уште еден бран дожд доаѓа во петок навечер“, рече тој.

    Тој појасни дека врнежите ќе стигнат до Дизџе, Сакарја и брегот на Црното Море и ќе продолжат до вечерва, додека опасно ниво на врнежи се очекува во регионите од Бурса, Јалова, Дизџе и Бартин.

    Граѓаните кои ги преживеале поплавите сведочат за драматичната ситуација на теренот.

    „Не спиевме до 5 часот наутро. АФАД спаси 300-400 луѓе. Водата е до висина на човек овде. Едвај успеавме да влеземе и да спасиме животи. Да чекавме 5-10 минути, ќе бевме заробени. Тука немаше жртви, но катастрофата е огромна. Водата доаѓаше одзади како да се прелеал поток. Работам овде четири години и ова е прв пат да видам таква катастрофа. Имам 60 години и никогаш не сум видел таква катастрофа“, вели еден од очевидците.

    Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека денеска наставата е прекината за еден ден, а на државните службеници со попреченост и мајките со мали деца им е дадено отсуство. Гувернерот апелираше до жителите да не излегуваат без итна потреба, а на оние кои живеат во подрумски станови им советуваше ноќта да ја поминат на друго место.

    MASSIVE FLOODING: Heavy rain turn streets into rivers in Istanbul https://t.co/dRyPuKuQnV

    — Insider Paper (@TheInsiderPaper) October 14, 2026
    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.