Author: Author 04

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски објави дека поднесува оставка од функцијата поради лични причини. Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата заменик-министер за здравство, од лични причини. Од срце му благодарам на претседателот на Владата на Република Македонија за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од Владата и да придонесувам во унапредувањето на здравствениот систем. Особена благодарност упатувам до потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, за искрената и коректна соработка, поддршката и професионалниот однос во текот на целиот период. Благодарност и до сите мои колеги, здравствени работници и соработници со кои заеднички работевме во интерес на граѓаните и на македонското…

Повеќе

BALFIN Group и Flying Tiger Copenhagen го прошируваат своето стратешко партнерство во Романија, Бугарија и Хрватска, отворајќи ново поглавје во развојот на овој возбудлив и иновативен дански малопродажен бренд во Централна и Југоисточна Европа.Проширувањето следува по успешниот развој на Flying Tiger Copenhagen во Албанија, Косово, Северна Македонија и Србија, каде што, како резултат на партнерството, до крајот на 2026 година ќе бидат отворени вкупно 20 продавници. Влезот на пазарите во Босна и Херцеговина и Црна Гора е планиран за почетокот на 2027 година.Надоврзувајќи се на досегашното искуство и успешните резултати на постојните пазари, двете компании се договорија да ја прошират…

Повеќе

Во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков. „На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.…

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода М.Н.(63) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај на улица „Eлена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и при извршено алкотестирање кај него биле констатирани 1,91 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

Повеќе

Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура од 26.000 дози се очекува до 15 ноември, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Според него, во моментов се организира логистиката со центрите за јавно здравје, а почетокот на вакцинацијата е закажан во стандардните термини, од 16 до 25 октомври. Клековски најави дека тој ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето кај граѓаните. Кај нас вакцинацијата ќе почне порано отколку кај некои од соседите, кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите што ќе почнат со вакцинација во…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против седум лица, бидејќи претепале 24-годишен пехчевец во угостителски објект во Делчево. Како што се наведува во полицискиот билтен, кривични пријави добиле 17-годишник и О.Ш.(19) од Делчево, В.А.(26) од Скопје, Д.Ч.(22), П.С.(20) и Д.Д. (20) од Делчево и М.Д.(20) од село Разловци, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2026 пред угостителски објект во Делчево, пријавените физички го нападнале И.К.(24) од Пехчево, при што првопријавениот со стаклен предмет му нанел расекотина.

Повеќе

Претседателот на УМС Центар, Атанас Георгиев, денеска од булеварот „Климент Охридски“, кај поранешниот Кинг Бургер и Маршалот, ги повика лидерот на СДС, Венко Филипче, и градоначалникот/претставник на локалната власт Горан Герасимовски, лично да дојдат на локацијата и да видат како се градат нови објекти еден до друг. Според Георгиев, новите градби отвораат сериозни прашања за условите за живот, минималниот простор меѓу зградите, како и за недостигот на паркинг-простор и зеленило во срцето на општина Центар. „Господине Филипче, господине Бетон Герасимовски, ве повикуваме заедно да дојдете на оваа локација. Дојдете и погледнете што се гради во Центар. Погледнете колку простор останува…

Повеќе

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик. На 15.09.2026 во ОВР Дебар, Е.К. пријавила дека било влезено во нејзината куќа и биле одземени златен накит и други предмети во вредност од околу 3000 евра. По преземени службени мерки и по консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека Е.К. лажно пријавила кривично дело.  

Повеќе

Ноќеска во 00:40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Г.Ј.(50) од Скопје, затоа што околу 00:20 часот во казино физички го нападнал Б.Ѓ.(33) од Скопје, кој работел како обезбедување, а потоа пред објектот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Повеќе

Ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(36) пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Центар две лица му побарале пари, а откако не им дал, едниот од нив физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Повеќе