Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Подготвуваме препораки за здрава исхрана на учениците

    Јаневска: Подготвуваме препораки за здрава исхрана на учениците

    07.10.2026 во 17:133 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип министерката за образование и наука, Весна Јаневска, по пуштањето во употреба на реконструираната спортска сала во ООУ „Димитар Влахов“.

    Таа истакна дека МОН заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации направило истражување за тоа како се хранат учениците во земјата.

    – Утврдивме неправилности, па поради тоа ќе произлезат препораки кои училиштата ќе ги добијат за децата здраво да се хранат. Јас разбирам дека дечињата повеќе можеби сакаат чипсови, смоки, бисквити, но еве им препорачувам и од овде на сите присутни дека една круша, едно јаболко, една банана се подеднакво здрава исхрана, но за тоа ќе треба да водат сметка и училиштата и општината за да им овозможат такво нешто, изјави Јаневска.

    Во врска со забраната за користење мобилни телефони, министерката посочи дека многу училишта во државата веќе ја применуваат оваа мерка.

    -И во многу училишта пред час телефоните се ставаат на страна и тоа сметам дека е во ред, затоа што вниманието на децата треба да биде посветено на учењето, на наставникот, на книгата пред нив. Постои исклучок – ние многу опрема набавивме, и паметни табли, и таблети, и компјутери, и лаптопи, и поставуваме мрежа за безжичен интернет со забрана за недозволени сајтови, но може да има исклучок, каде што во одредени средини децата ќе треба да ги употребат телефоните за да сработат некоја наставна тема. Но, тоа треба да биде строго контролирано од наставникот и после тоа тие да ги вратат таму каде што нема да им бидат достапни, рече Јаневска.

    Директорот на училиштето, Дејан Здравков, истакна дека позитивните ефекти од заедничката одлука со родителите за некористење мобилни телефони и забрана на нездрава храна веќе се видливи во секојдневната комуникација на учениците.

    -Ефектите од забраната на нездрава храна и телефони се премногу позитивни, супер значи. Добиваме повратни информации и од родителите, и од наставниците, и од самите деца. Подобрена е комуникацијата, физичката комуникација. Не одат веќе со наведени глави по ходниците и по училишниот двор.​Тоа беше договорено во согласност на Советот на родители. Преку текот на летниот распуст имавме повеќе состаноци и заедно го договоривме. ​Истото се однесува и за здравата храна. Забранивме некои чипсови, грицки, обоени нездрави сокови и така натаму, енергетски пијалоци. Истото беше договорено со Советот на родители во соработка со локална пекара. Значи тие самите си одбраа мени со што ќе се хранат нивните деца, изјави Здравков.

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.