Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ

    Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ

    02.10.2026 во 10:233 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од Европската Унија, тоа е само изговор на Мицкоски и бандата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека политиката на Мицкоски за барање дополнителни гаранции е само изговор, заради тоа што не сакаат европски систем и судство.

    „Тоа е изговор на Христијан Мицкоски и на неговата банда. Затоа што не сакаат во Европа, затоа што не сакаат систем, затоа што не сакаат европско правосудство, затоа што не сакаат контрола на парите. Каква гаранција се бара во процес во кој ниедна земја немала гаранција? Европа и патот кон Европа не е загрозување на националните интереси“ рече Филипче.

    Притоа, Филипче нагласи дека Мицкоски преку страв и манипулација со националните чувства, се обидува да создаде впечаток дека европската интеграција може да го загрози македонскиот идентитет.

    „Го разбирам, моментот на манипулација и играње на емоцијата на луѓето, кога ви вели: „А, ние сакаме да ги заштитиме нашите национални интереси.“ И со тоа ги плашат луѓето – „утре Бугарија може да ни го загрози јазикот, културата и така натаму“. Поднесовме предлог-резолуција со црвени линии во Собранието. Не одговорија, јасно е. Кој е тој, кој што има различни црвени линии во нашата земја. Ние, никој, ниту една политичка партија, СДСМ, ВМРО, сите други, имаат еднакви црвени линии. Тоа е идентитетот, кој  е потврден со Преспанскиот договор, според претседателката Сиљановска Давкова. Јазикот, кој  е потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик, културата,“ рече Филипче.

    Тој додаде дека одговрност на власта е да го продолжи процесот и да не ја користи европската интеграција како изговор за блокада.

    „Зарем не е тоа одговорност на власта? Зарем тие не ветија подобра преговарачка позиција? Што ние повеќе да направиме од оваа наша борба силна против криминалната власт, во која што ги разобличуваме сите политики“ рече Филипче.

    Филипче посочи дека две години СДСМ предупредува оти Владата води политики спротивни на интересите на државата и на европскиот пат.

    „Две години наназад укажуваме дека оваа Влада е антиевропска. Дека работи спротивно, не само на нашите интереси, туку и на интересите на Европската Унија, затоа што проширувањето е еден од од приоритетите. Колку време ние треба да чекаме, треба да се затвори вратата за проширување?. Сега, после толку години, повеќе од децении, има бран на проширување. Треба да го испуштиме? При тоа Антонио Кошта, минатата година, кога дојде, што кажа – имаме само план А“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.