Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија
    • Празничен егзодус: Maкедонците тргаа кон Грција за продолжениот викенд – колони возила и долги чекања на Богородица
    • Есенски утрински температури: Живатa на термометарот спуштена до 3 степени на Попова Шапка
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Општина Могила – изградба на градинка, патна инфраструктура и мерки за поддршка на семејствата

    ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Општина Могила – изградба на градинка, патна инфраструктура и мерки за поддршка на семејствата

    02.10.2026 во 10:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Могила се реализираат низа проекти во инфраструктурата, образованието, спортот, социјалната заштита и поддршката на семејствата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. 

    „По три децении од формирањето на Општина Могила, во завршна фаза е изградбата на првата детска градинка со капацитет за 40 деца и, дополнително, аплицирано е за адаптација на просториите во мултифункционалните објекти во Добрушево и Ивањевци за потребите на детските градинки.

    Во патната инфраструктура се реализирани повеќе проекти низ населените места. Асфалтирани се улиците „АСНОМ“ и „Гоце Делчев“, со реконструиран коловоз, атмосферска канализација и тротоари, завршено е асфалтирањето на последниот дел од патниот правец Долно Српци – Беранци, во тек е реконструкцијата на улицата „Пелагонија“, а предвидено е асфалтирање и на дополнителни улици.

    Значајни средства се вложуваат и во решавање на проблемите со канализацијата и водоснабдувањето, за што потпишан е договор за доизградба на канализациската мрежа во Добрушево, додека за комплетирање на канализациската мрежа во Ивањевци се обезбедија околу 30 милиони денари, а во тек е изградба на нов водоводен систем, со кој ќе бидат опфатени речиси половина од населените места во општината.

    Особено значајна е инвестицијата од 25 милиони денари во енергетска ефикасност на јавните објекти, при што се опфатени спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила и основните училишта „Браќа Миладиновци“ во Добрушево и „Кочо Рацин“ во Ивањевци. Проектот предвидува енергетски ефикасни фасади, топлинска изолација, нова ПВЦ-столарија, подобрување на системите за греење, модернизација на осветлувањето и поставување фотонапонски панели.

    Поддршката за семејствата е проширена со повеќе мерки, така што финансиската поддршка за првачињата е зголемена на 9.000 денари, а секое прваче добива и ранец со училиштен прибор, за новороденчињата се обезбедуваат 10.000 денари за прво, 15.000 денари за второ и 30.000 денари за трето дете, додека нова мерка е поддршката од 20.000 денари за новосклучени бракови.

    Во социјалната сфера, 20 обучени и лиценцирани негуватели обезбедуваат помош и нега за стари и изнемоштени лица во нивните домови, а обезбедена и опремена е просторија за пензионерите во мултифункционалниот објект во Добрушево.

    Инвестиции има и во спортот и младите – изграден е нов фудбалски терен со вештачка трева во рамките на проектот „FIFA Arena“, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, обезбедена е поддршка за спортските клубови, како и средства за доопремување на спортскиот комплекс „Димче Могилчето“.

    Во 12 населени места се реализираат реконструкција и изградба на детски катчиња, а преку Младинскиот центар се организираат активности и настани за младите, а паралелно се работи и на локалниот економски развој, така што во зоната Петилеп започнаа првите инвестиции, а реализирани се и обуки за ИТ-вештини и претприемништво за рурални жени.

    За подобрување на комуналните услуги, во соработка со Владата се обезбедени три нови камиони, од кои два веќе се пристигнати, како и нови канти и контејнери, додека во делот на заштитата на животната средина реализирани се повеќе еколошки акции и засадени се над 200 нови садници.

    Реализацијата на проектите со цел подобрување на условите за животот на граѓаните продолжува и во следниот период, со фокус на инфраструктурата, образованието, семејствата, младите и спортот во сите населени места“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.