Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што на новата генерација студенти им ја честиташе почетокот на новата академска 2026/2027 година, порачувајќи им дека универзитетот е вистинското место за учење, истражување и поставување прашања.
Обраќајќи им се на бруцошите, министерката истакна дека тие се идните двигатели на општеството:
– Овие млади луѓе избрале високо образование за да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаење и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзите технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставува прашања и истражување. Бидете љубопитни студенти и храбри во потрагата по нови знаења.
Таа нагласи дека Министерството работи на подобрување на студентскиот стандард, модернизација на програмите и поддршка на науката, потсетувајќи на следните пораки:
– На ова плато се наоѓа најголемиот потенцијал што го има Македонија. Треба да сте свесни за тоа. Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на оваа држава.
На крајот, Јаневска информираше дека двата студентски дома во Скопје се темелно реконструирани, дека наскоро се отвара „Кузман Јосифовски – Питу“, а потоа ќе следи обнова и на другите домови низ земјата.

