Author: Author 04

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Скопје оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која порача дека земјата ги исполнува реформските обврски и дека е време за фер процес и јасна европска перспектива без нови билатерални условувања. Премиерот нагласи дека европската определба на државата е неспорна и дека Владата посветено работи на домашен терен, но очекува посилна политичка поддршка од европските институции: „Она што денес го бараме е процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила. Ние ги завршуваме нашите обврските и спроведуваме реформи што се очекуваат од една земја, понекогаш навреме,…

Повеќе

Судот ја прифати мерката предложена од надлежното обвинителство и му определи 30-дневен притвор на Д.Ј. од Кочани, како првоосомничен за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Повеќе детали за овој случај и околностите околу постапката надлежните институции најавија во текот на денот во ново официјално соопштение.

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница. Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници…

Повеќе

Вчера во 19:35 час на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена рачна бомба кашикара. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја пречекаа Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета на Северна Македонија. Посетата претставува можност за зајакнување на дијалогот и соработката со Европската Унија, како и за унапредување на европската перспектива на земјата. Посветеноста на реформите и на конкретните чекори во процесот на европска интеграција останува приоритет, со цел остварување видливи придобивки за граѓаните.

Повеќе

Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 06:00 до 14:00 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници. Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром. Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска…

Повеќе

Утре наутро ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР соопштија дека за време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Повеќе

Идната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит на министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија, на кој ќе се разгледуваат можностите за усогласување на преносните системи, прекуграничниот транспорт и реализацијата на регионалните инфраструктурни врски. Од МЕРМС нагласуваат дека регионалната координација е од исклучително значење во период кога се реализираат повеќе клучни проекти истовремено: „За Македонија, ваквата регионална координација е особено важна бидејќи истовремено се реализираат повеќе стратешки енергетски проекти – од интерконекторите со Грција и Србија, преку приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, до модернизацијата на преносната мрежа и развојот на системи за складирање енергија.“ На…

Повеќе

Предложените измени на правилата за боледување не го скратуваат правото на боледување, туку предвидуваат медицинските критериуми за продолжување да почнат да се применуваат по петтиот наместо по седмиот ден, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински. Во интервју за „Република“, Перински појаснува дека петтиот ден не претставува максимално времетраење на боледувањето, туку момент од кој, доколку боледувањето продолжува, се применуваат дополнителни медицински критериуми. „Прво, не кратиме ниту еден ден боледување. Тоа е најважното нешто што граѓаните треба да го знаат“, вели Перински. Тој појаснува дека петтиот ден не е максимално времетраење на боледувањето. Доколку пациентот има медицинска потреба,…

Повеќе

Министерот Тимчо Муцунски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Скопје. Муцунски истакна дека посетата претставува силна потврда за европската ориентација и посветеноста на Владата на реформските процеси. „Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Денеска во Скопје ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Посетата е силна потврда за европската ориентација, посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и јасната определба за напредок во европската интеграција“, наведе Муцунски. Тој додаде дека за…

Повеќе