- Стојаноски: Народна банка го администрира целиот процес со Алта банка, СДС да не шири хистерија
- Трајановски: Алта банка е круна на владеењето на ВМРО
- Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот соработник
- Фатен на дело додека крадел дрва од државна шума: Жител на Подгорци заработи кривична
- Кривична пријава за дебранец: Со закани и следење се обидел да спречи службеници во преземање деловен објект
- Димитријевиќ: Славески го постави човекот што ги издавал лиценците во Алта банка
- ФОТО: Купчиња денари и евра – богата заплена на полицијата во утринската акција во Куманово
- Кочоска вели банкарскиот сектор е стабилен – Најави повисоки плати во институциите
Author: Author 04
Педесетгодишната Криста Пајк е свесна и зборува откако станала првиот затвореник осуден на смрт што преживеал смртоносна инјекција по неуспешната егзекуција минатата недела. Според изјавите на нејзините адвокати, тя закрепнува по драстичниот настан во затворот во Тенеси. Д-р Џоел Зивот, анестезиолог кој го советувал правниот тим на Пајк, изјави за Би-Би-Си: „Се сеќава на нешто од престојот во болница, но верувам дека нема сеќавање на обидот за егзекуција.“ Зивот додаде дека таа можела да комуницира на „основен начин“ и погрешно верувала дека сè уште е септември. Пајк била исклучена од вентилаторот откако лекарите работеле на отстранување на пентобарбиталот од нејзиниот…
Кинематографска сцена се одвивала на патиштата во индиската држава Тамил Наду, откако полициски наредник останал да се држи за шипките на покривот на џип кој со голема брзина бегал од полицијата со тројца осомничени за шверц на забранет тутун. Инцидентот се случил на 27 септември во округот Коимбаторе, кога осомничените со возилото се насочиле кон полицајците на патарина. Во обид да ги спречи, полицаецот се качил на возилото, по што возачот нагло се оддалечил развивајќи брзина од над 95 километри на час. Наредникот останал да се држи за шипките на покривот во текот на целото лудило долго повеќе од 40…
Полицаец вработен во Подгорица е уапсен и му е одреден притвор до 72 часа поради основано сомнение дека извршил семејно насилство врз својата невенчана сопруга. Според информациите од Основното државно обвинителство во Подгорица, инцидентот се случил на 5 октомври, кога осомничениот најпрво ѝ се заканил на сопругата, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја неколку пати во лицето. Во нападот жената здобила полесни телесни повреди. Одлуката за мерката притвор е донесена по сослушувањето на осомничениот во обвинителството, каде што му е одреден притвор во траење до 72 часа поради сомнение за сторено кривично дело семејно насилство.
Владата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година. „Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата. Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво. Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос. Таа, третирајќи ја Грција како важен сосед и потенцијален стратешки партнер, изрази искрено очекување за отворање ново поглавје во меѓусебните односи, во духот на добрососедството, градено низ bona fide политика. За Сиљановска-Давкова, Хеленската Република, како земја од регионот со најдолго искуство во Европската Унија, има историска и политичка одговорност за европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Во пресрет на грчкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, таа очекува засилен грчки ангажман насочен кон исполнување на…
Необичен инцидент се случи на аеродромот во Лос Анџелес кога два патнички авиона се судрија додека се движеа по пистата, а дел од едниот авион беше оштетен во контактот. Несреќата се случила помеѓу авионите на Делта Ер Лајнс и Ер Канада. Авионот на Ер Канада претходно пристигнал од Торонто и слетал на аеродромот, додека авионот на Делта во тој момент таксирал на површината на аеродромот. Во авионот на Делта имало вкупно 290 патници и членови на екипажот. Според сведоштвото на еден од патниците, нивниот авион се движел низ аеродромот кога другиот авион одеднаш му се појавил на патот. Последиците од…
Млада жена во Кина заврши во болница со сериозно оштетување на мускулите откако нејзиниот претпоставен ја принудил да направи 200 чучњеви бидејќи не ги исполнила дневните работни цели. Случајот предизвика широко распространето негодување на кинеските социјални медиуми. Девојката, идентификувана по презимето Јанг, работела како финансиски советник во компанија за кредитно брокерство во Хангжу. Нејзиниот шеф Жанг ѝ поставувал дневни цели од 200 повици и наоѓање нови клиенти. Бидејќи на 28 јули не ги исполнила задачите, а немала пари да плати казна од 50 јуани (околу 6,50 евра), таа морала да ја изврши физичката казна и се снимала како доказ. Набрзо…
Кубански државјанин е уапсен на меѓународниот аеродром во Мајами откако царинските и граничните службеници откриле дека во облеката се обидел да внесе десет живи птици во Соединетите Држави. Инцидентот се случил на 4 октомври, кога Алберто Хернандез Кастиљо пристигнал со лет од Хавана. При царинската контрола, тој одговорил со „не“ на прашањата за внесување животни, но поради неговата нервоза и видливата необична испакнатина во панталоните, службениците го однеле на детален претрес. Полицајците утврдиле дека тој носел шест пластични цевки завиткани во селотејп, со прикачени црни мрежи на отворите, кои биле зашиени во неговата долна облека. Во нив биле пронајдени осум…
Полетувањата на авионите на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска околу 17 часот беа привремено суспендирани, а летовите се одложени поради технички проблем со една од компаните за копнени услуги. Од аеродромската служба соопштија дека е направена грешка во задолжителниот проток на патници, по што надлежните служби веднаш преземале вонредна контрола. Во целосното соопштение од аеродромот се наведува: „Поради дефект во работата на една од компаниите што обезбедуваат услуги за копно на аеродромот во Белград, денес околу 17 часот се случи грешка во задолжителниот проток на патници. Безбедноста на патниците и на сите што престојуваат на аеродромот е наш апсолутен приоритет.…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри. За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети. Во формирањето на Советот за соработка на високо ниво, таа препознава политички чекор напред. За амбасадорот Акташ, стратешкото партнерство е од голема важност за обете земји. Сиљановска-Давкова гледа отворен простор за соработка во економијата, трговијата, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, културата и образованието. Таа ја…
