- Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
- Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
- Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
- Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
- Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
- Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
- Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
- УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
Author: Author 04
Општина Гази Баба ги додели решенијата за финансиска поддршка на младите лица на возраст од 18 до 25 години кои успешно аплицираа на јавниот повик за субвенционирање на трошоците за полагање возачки испит. Секој од апликантите доби поддршка во висина од 10.000 денари. Оваа мерка за прв пат се имплементира на територијата на Општина Гази Баба, а градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека истата произлегува од изборната програма. „Оваа мерка за прв пат се реализира во нашата општина и претставува дел од изборната програма и од заложбите кои ги ветивме пред граѓаните. Особено ми е драго што денес уште еднаш покажуваме…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нови правила за кибербезбедност кои се однесуваат на објектите за производство, складирање, како и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Со овој потег, регулаторот ја засилува својата улога во заштитата на енергетскиот систем на државата од потенцијални дигитални напади и технолошки ризици. Новите правила се подзаконски акт усогласен со европските стандарди и имаат за цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, стопанството и националната безбедност. Обврските директно ќе важат за МЕПСО, „Електродистрибуција“, МЕМО, снабдувачите за електрична енергија, големите производители (200 MW), операторите…
Времето утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во недела ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Следните денови минималните утрински температури ќе паднат до 4 степени додека дневните ќе достигнат 27 степени.
Началникот на полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, е лишен од слобода во рамки на полициската операција поврзана со исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја, соопштија српските надлежни служби. Апсењето е извршено по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а во акцијата учествувале припадници на неколку клучни сектори на српското МВР. „Во продолжение на операцијата за разјаснување на околностите под кои исчезна Александар Нешовиќ Баја на 12 мај 2026 година, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи на…
Автомобилските гиганти Stellantis и Dongfeng постигнаа официјален договор за заедничко производство на модели од марките Jeep и Peugeot во Кина. Станува збор за стратешки проект чија реализација и производство е планирано да започне веќе во 2027 година. Според деталите од договорот, заедничкото вложување ќе биде насочено кон производство на два теренски модели и два нови електрични автомобили на Peugeot. Овие возила ќе се произведуваат во фабриката во Вухан и ќе бидат наменети како за кинескиот, така и за глобалниот пазар. Целиот проект вклучува големи инвестиции кои надминуваат 1,2 милијарди долари (околу една милијарда евра). Во рамките на оваа соработка, Stellantis…
Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Малцинствата не се странци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, брачни партнери, колеги и сограѓани, се вели во соопштението од СДСМ. „Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати па и Бугари како малцинска заедница – сите се македонски државјани. Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање. Ние преговараме со Европската Унија, а не со Бугарија за членство во ЕУ. Со внесувањето на малцинствата во Уставот се зајакнува единството и кохезијата на целото општество. Тоа го демантира бугарскиот наратив дека не постојат Македонци. Во Македонија се малцинства Бугарите, а во Бугарија Македонците. Уште една потврда…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со Иран, по разговорите што ги водеше со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг во врска со воениот конфликт на Блискиот Исток. Според соопштението на Белата куќа, Трамп и Си постигнале согласност дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен за пловидба. Ова прашање стана критично откако Иран го затвори теснецот за поголемиот дел од бродовите по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, предизвикувајќи сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси. „Нема уште долго да бидам трпелив. Иран мора да склучи договор“, изјави децидно Трамп, кој во својот говор директно се…
Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот кој пред неколку дена беше заловен во скопската населба Козле. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека интензивно се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано во заробеништво, како и на пронаоѓање на одговорното лице. Според законските прописи во земјава, чувањето диви животни без соодветна дозвола е строго забрането и може да донесе сериозни парични казни, кои во одредени случаи достигнуваат и до 20.000 евра. Законот за заштита на природата децидно предвидува дека чувањето и размножувањето диви животински видови без соодветни услови и одобренија…
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, смета дека премиерот Христијан Мицкоски треба да поднесе оставка бидејќи јавно признал дека телефонски разговарал со државниот јавен обвинител за конкретен предмет. Гостувајќи во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, Жерновски порача дека опозицијата сериозно ја разгледува можноста за поднесување интерпелација за претседателот на Владата. „Премиерот требаше да си поднесе оставка. Заслужува интерпелација, треба да ја размислиме таа опција. Ова не се брани“, рече Жерновски. Тој додаде дека ваквиот потег претставува директно кршење на законските прописи и дека во демократски системи тоа повлекува итна одговорност. „Во една држава премиер да му се јави…
