Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта

    Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта

    06.10.2026 во 20:202 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата денеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои ги блокираат француските средни училишта, во знак на протест поради недоволниот број просветни работници и лошите услови во училиштата.

    Во Марсеј и во Нант, на претежно мирни собири, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Државата го уби националното образование“. Во Тулуз, родителите маршираа низ градот во колона држејќи се за раце. Но, во Стразбур, Лион и Рен, протестите станаа насилни, при што полицијата употреби солзавец, а демонстрантите подметнуваа пожари и фрлаа предмети на улиците.

    Синдикатот на средните училишта соопшти дека повеќе од половината француски средни училишта се блокирани, додека некои локални власти се обидоа да организираат настава преку интернет. Групите за човекови права, учениците и родителите ги обвинија властите за употреба на непропорционална сила. Од друга страна, владата тврди дека движењето е преземено од „надворешни лица“ и се претворило во урбано насилство.

    Според податоците од Министерството за внатрешни работи, од почетокот на протестите приведени се 6.100 лица, претежно малолетници.

    „Повеќе од 1.800 лица се процесуирани, од кои 1.483 малолетници“, соопшти Министерството за правда, без да ги прецизира прекршоците.

    Канцеларијата на премиерот Себастијан Лекорну објави дека во протестите се повредени најмалку 715 полицајци и 215 тинејџери. Премиерот Лекорну им нареди на министрите да се справат со главните барања на учениците, кои вклучуваат замена за отсутните наставници, преиспитување на должината на училишниот ден од осум до 18 часот и подолги паузи за ручек.

    „Владата, исто така, ќе ги разгледа потребните поправки за постарите училишни згради“, посочи Лекорну.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.