Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44

    Итнервентна полиција викендов во акција – Скопјани направиле хаос во локал, имале и ножеви

    05.10.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски
    • Филипче: Лагите на Мицкоски за идентитетот и јазикот се разобличени
    • Си извадил 1.000 евра од туѓа картичка – маж од светиниколско кривично ќе се гони
    • Неготино: Приведен маж кој ограбувал туѓи автомобили
    • „Ми вперија пиштол мене и на мојот син“ – вознемирен скопјанец се јавил во полиција
    • Ѓорѓиевски по повод Денот на учителот: Учителите оставаат трага во соништата и успесите на генерациите
    • Средба Шасивари – Косма: Изборните реформи бараат инклузивен дијалог и консензус
    • Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски

    Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски

    05.10.2026 во 14:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.

    „Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче.

    Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет.

    „Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ.

    Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени.

    „Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче.

    Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните.

    „Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Лагите на Мицкоски за идентитетот и јазикот се разобличени

    05.10.2026 во 14:21

    Ѓорѓиевски по повод Денот на учителот: Учителите оставаат трага во соништата и успесите на генерациите

    05.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.