Надворешната канцеларија за криминалистчки работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
На 06.08.2026 во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре.
Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час и оштетениот си заминал дома и кога ја отворил чантата видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен.
- Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
- Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
- Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
- Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
- ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
- ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
- Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
- Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

