Author: Author 04

Вчера во 15:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с. Камењане, 14-годишник од с. Камењане кој управувал електричен тротинет, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од МВР. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, соопшти МВР.

Повеќе

Дел од зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“, во која се сместени повеќе државни институции, е поплавена поради пукната топловодна цевка. Хаваријата се случила околу полноќ, по што веднаш реагирало обезбедувањето од МВР. Од безбедносни причини исклучена е струјата во објектот, поради што не работат лифтовите, компјутерските системи и серверите. Засега нема прецизни информации што сè е поплавено и колкава е материјалната штета, а ангажирани се технички екипи кои работат на отстранување на последиците, испумпување на водата и санација на дефектот. Според првичните процени, постои можност објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови, во зависност од степенот…

Повеќе

Корисниците од неколку улици во скопските општини Бутел, Чаир и Гази Баба утре ќе останат без струја поради планирани технички зафати и монтажни активности на мрежата, соопштија надлежните служби. Во општина Бутел, поради работи во ТС Бутел 15, без електрична енергија од 07:55 до 09:55 часот ќе бидат потрошувачите на дел од улиците Алпи и Мара Междуречка. Во општина Чаир, заради интервенции во ТС Железара 3, прекин на струја е најавен во периодот од 10:15 до 12:15 часот за дел од улиците Коце Металец и Зеничка. Во општина Гази Баба, поради монтажа на нов столб и пуштање во функција на…

Повеќе

Завчера во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје кога 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје, соопштија од МВР.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција му порача на лидерот на СДС, Венко Филипче, да се фокусира на внатрешната состојба во партијата наместо да се грижи за економијата и државните политики. Според Петрушевски, опозицијата постојано се противи на новите економски проекти, инвестиции и развојни иницијативи. Во тој контекст, тој нагласи дека економските показатели ја покажуваат спротивната слика: – Во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален…

Повеќе

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Акцијата резултираше со целосно отстранување на сите диви тезги, најчесто со овошје и зеленчук. Надлежните одзедоа храна во количина од околу 500 килограми, претежно земјоделски производи, а отстранета е и целата опрема за продажба што била диво поставена на пешачките и велосипедските…

Повеќе

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше дел од јавно-приватен дијалог кој ги обедини претставниците на институциите, бизнис заедницата и младите од Општина Кисела Вода. Настанот се реализира како дел од проектот за мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупцијата, чиј организатор и кофинансиер е Фондацијата Конрад Аденауер, заедно со Европската Унија. Отворената дискусија и размената на искуства, ставови и предлози меѓу учесниците треба да придонесе кон формулирање на конкретни препораки за подобрување на локалните политики и унапредување на антикорупциските механизми. Во фокусот на дијалогот, денес беа клучните предизвици со кои се соочуваат компаниите на локално ниво, со…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде отворен реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој ќе биде модерен објект со современи услови за сместување на студентите. Наскоро, рече тој, се очекува отворање и на домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Двата се реновираа околу две години во рамки на планот за етапна реконструкција на сите студентски домови во државата. Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ за трета фаза од ревитализација на хидроелектраните, премиерот истакна: – Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови…

Повеќе

Вчера во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот – соопшти МВР. -Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли се дале во бегство – наведуваат од МВР. Оттаму додаваат дека четирите лица се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.Л.(20) од с.Батинци, скопско, О.Ф.(22) од Скопје, В.Ќ.(34) од Гостивар, Л.Р.(38) од с.Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А.(22) од Кочани, Ф.Ш.(24) од Штип, Л.Ј.(21) и 15-годишна малолетничка, двајцата од Прилеп. Две лица управувале патничко возило иако имале активна забрана за управување на моторно возило и тоа: В.А.(46) од Скопје и Н.С.(27) од Кратово, а Д.Н.(66) од Тетово управувал патничко возило под…

Повеќе