Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДЗР со сериозни наоди: Системот „Мој Термин“ со години без договори за одржување, авторските права завршиле кај приватна компанија
    • Мистерија: Осуденичка примила две дози смртоносна инјекција и останала жива
    • Акција на АНБ, МВР и ОЈО: Претрес кај македонски државјанин осомничен за поврзаност со проруска пропагандна мрежа
    • Регистриран нов случај на западно-нилска треска од Росоман
    • Битола: 40-годишна пациентка починала поради недијагностицирана тромбоза, поднесено обвинение против петмина интернисти
    • Свечен почеток на УКИМ: Денеска прв академски час со обраќање на министерката Јаневска
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче освен за марихуана економија, тој е и за прво Бугари во Устав, па сè останато
    • СДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ – „Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДЗР со сериозни наоди: Системот „Мој Термин“ со години без договори за одржување, авторските права завршиле кај приватна компанија

    ДЗР со сериозни наоди: Системот „Мој Термин“ со години без договори за одржување, авторските права завршиле кај приватна компанија

    01.10.2026 во 10:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Системот „Мој Термин“ во периодот од 1 јануари 2021 до 30 април годинава воопшто не бил покриен со договори за одржување вкупно 738 дена, односно 37,9 отсто од анализираниот период, покажува конечниот извештај од ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) насловен „Мој Термин – оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствената заштита”. Во истиот период за одржување на системите во јавното здравство биле вложени 333,3 милиони денари (5,42 милиони евра), но само девет отсто од овие средства се однесувале на националниот здравствен информатички систем, додека 91 отсто завршиле кај други системи, при што 48 отсто од овие вложувања биле концентрирани кај само три софтверски компании.

    Ревизијата утврди дека Управата за електронско здравство нема ингеренции за јавни набавки за „Мој Термин“, а самиот поим не е правно заштитен од институциите, туку во 2024 година бил регистриран од економски оператор со кој Министерството за здравство склучува договори, со што се отвора висок ризик од спорови за интелектуална сопственост. Исто така, утврдени се сериозни пропусти во ИТ-безбедноста и заштитата на личните податоци, недостиг на контроли и инспекции од страна на Министерството, како и појава на паралелни приватни платформи кои можат да предизвикаат забуна кај пациентите.

    Прочитај повеќе

    Акција на АНБ, МВР и ОЈО: Претрес кај македонски државјанин осомничен за поврзаност со проруска пропагандна мрежа

    01.10.2026 во 10:09

    Регистриран нов случај на западно-нилска треска од Росоман

    01.10.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.