Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ – „Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ“

    СДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ – „Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ“

    01.10.2026 во 09:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иван Стоилковиќ, министер во владата на арамијата Мицкоски, повторно ја работи српско-руската агенда, велат од СДСМ. 

    „Овојпат во Битола, покрај Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски – Заветница, министерка во техничката влада на Србија, поранешна радикалка на Шешељ.

    Таа ги нарекува НАТО-силите „НАТО империјалисти“ и вели дека сакале да ја опколат Русија, тврди дека во Киев биле поставени „марионетски власти“ и дека Русија била „принудена“ да преземе акција против неонацизмот.

    Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови. 

    За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник. Тоа не е историја. Тоа е политика што ги релативизира злосторствата и ги продлабочува поделбите.

    Стоилковиќ не стои случајно до неа. Соработник на БИА. Министер што работи за руски и кинески интереси. 

    Уште полошо: министер на Македонија учествува во политичка кампања за сестринска партија на ВМРО-ОКГ – СНС, партија во друга држава. 

    Не со било кого. Со личност што велича воен злосторник и јавно ги застапува руските интереси.

    По директната поддршка за Вучиќ, за Кина, за Русија. По ултрадесничарските партнери. 

    По митингот за поддршка на Вучиќ во Куманово. По средбите со Милош Вучевиќ и почесниот конзул Адамовиќ, бизнис партерот на Мицкоски. По организирање превоз за митингот во Белград. По впишување македонски државјани во избирачки список на соседна земја и делење српски пасоши за гласање. 

    Гласачи, македонски државјани, запишани на територија на Србија, во градови и села близу македонската граница. 

    Во Србија беше објавено дека во избирачкиот список има повеќе од 900.000 гласачи кои наводно не одговараат на реалниот број полнолетни жители.

    Токму поради ваквите работи, како и поради постапките на ВМРО од минатото, ни е јасно зошто ВМРО сака да го промени Изборниот законик. Тоа е практично copy-paste на моделот на Вучиќ.

    Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ – тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму.

    Македонија е членка на НАТО. Граѓаните ја избраа Европа. Владата им стави министер што шета со анти-НАТО агенда и со култ кон Хашки осуденик.

    СДСМ бара итна смена на Иван Стоилковиќ. Тој е министер што работи за туѓа кампања, туѓа служба и туѓа каса. Позади него е арамија што го држи. Бандата нека си го земе дома. 

    Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.