Author: Author 04

Грчките власти започнаа опсежна истрага откако во близина на брегот на островот Лефкада беше пронајден поморски дрон наполнет со експлозив. Дронот го открил рибар во пештера минатиот четврток, по што специјализирани воени тимови извршија детонација на леталото. Министерот за одбрана на Грција, Никос Дендиас, изјави дека постои сомнеж оти дронот е од украинско потекло и доаѓа од „странска земја“, но не прецизираше конкретни детали. „Знаеме што е и приближно знаеме што содржи“, рече Дендиас, додавајќи: „Не мора никому да му завидуваме, создаваме можности за нашата татковина да може да ја опреми својата морнарица со најсовремените беспилотни летала и системи против…

Повеќе

По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност. Предмет на истрагата беше постоење на основано сомнение дека во постапките за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, спроведени во услови на енергетска криза, биле сторени злоупотреби при јавните…

Повеќе

Денешното претпладне ќе биде одбележано со променлива облачност и сончеви периоди, но попладне се очекува дестабилизација. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Западниот ветер на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 7 до максимални 31 степен. Во Скопје времето ќе биде слично – претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за пороен дожд и грмежи. Во главниот град ќе дува слаб до умерен ветер, со минимална температура до 10 и максимална до 28 степени.…

Повеќе

По денешните грмотевици, обилни врнежи и валкан дожд со песок од Сахара, Србија се подготвува за драстичен временски пресврт. Утре, во вторник, се очекува изразен студен фронт кој ќе ја зафати целата земја во попладневните и вечерните часови, со што температурите драматично ќе паднат за 10 степени. Шок околу 15 часот: Се очекуваат урагански ветрови Иако денот ќе започне со пријатни температури, околу 15 часот студен фронт од Хрватска ќе продре во северозападна Србија, а до крајот на денот ќе ја премине целата земја. Промената на ветерот ќе биде придружена со локални бури, а во сите области се очекуваат силни…

Повеќе

Цената на суровата нафта на светските берзи повторно забележа остар раст, откако избледеа надежите за мирно решение на долготрајната криза меѓу Иран и САД. Барел нафта од типот „Брент“ поскапе за околу четири проценти, достигнувајќи цена од околу 105 долари, што е највисоко ниво од средината на минатата недела. Овој нов бран поскапувања доаѓа како директна последица на неуспехот на дипломатските напори во Персискиот Залив. Иран го одби американскиот план за завршување на конфликтот, а американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа реагираше дека иранскиот контрапредлог е „целосно неприфатлив“. Иако деталите не се објавени, јасно е дека двете страни…

Повеќе

Тензиите меѓу Иран и САД достигнуваат точка на вриење. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, упати сериозно предупредување преку платформата Х, истакнувајќи дека вооружените сили на земјата се целосно подготвени „да дадат заслужен одговор на секоја агресија“. Оваа жестока реакција на Техеран доаѓа како одговор на контрадикторните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој прво спомена дека примирјето со Иран е „на карти“, но веднаш потоа упати нови закани. „Нашите вооружени сили се подготвени да дадат заслужен одговор на секоја агресија; погрешната стратегија и погрешните одлуки секогаш ќе доведат до погрешни резултати – целиот свет веќе го разбра тоа“,…

Повеќе

Вчера во 09:05 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.Д.(30) од Република Грција, затоа што при гранична контрола и извршен преглед на патничко возило со грчка национална ознака, кое С.Д. го управувал, биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Повеќе

Драмата на крузерот „MV Hondius“ добива ужасен пресврт. Француска државјанка, евакуирана од бродот кој стана центар на смртоносна епидемија на хантавирус, сега се бори за живот во болница во Париз. Шокантно е што лекарите на бродот првично нејзините симптоми ги отфрлиле како обична анксиозност. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека состојбата на жената е „многу критична“. Оваа информација доаѓа откако три лица на бродот веќе починаа од вирусот, а кај уште осум е потврдена инфекцијата. Лекарска грешка на помол? Шпанскиот министер за здравство Хавиер Падиља призна дека лекарите, вклучително и тие од Европскиот центар за превенција и контрола на болести…

Повеќе

Утре 12.05.2026 година (вторник) во 09:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот 2026 во организација на „Македонија2025“ во хотелот „Мериот“ Скопје. Во рамки на самитот, претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има интервју.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Б.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На патниот правец Тетово-Попова Шапка, пријавениот извршил ископ, а поради обилни врнежи од дожд дошло до уривање на дел од земјата, со што е создадена опасност по безбедноста на станбен објект сопственост на Ф.И..

Повеќе