- Сонце и многу топло, па голем пресврт – УХМР најавува обилни врнежи, град и грмежи
- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Author: Author 04
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео-аларм за утрешниот ден, 12.05.2026 година, предупредувајќи на сериозна промена на временските услови низ земјата. Според најавите на синоптичарите, територијата на државата ќе биде под влијание на засилен воздушен бран. „Ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 80 km/h“, соопштуваат од УХМР.
На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која истакна дека реализацијата на капиталните проекти од страна на Владата е со раст за разлика од владеењето на СДС и ДУИ, а притоа истите резултирале со 0% реализација. Бојковска се осврна и на однесувањето на ДУИ кога е на власт, дека е различна партија од ДУИ во опозиција. „Интересно е како ДУИ кога нема да биде на власт тогаш почнува она непочитување на демократијата и на се она коешто значи право на граѓанинот, што поскоро да се свестат дека граѓаните го дадоа судот…
Глобалната суша и климатските промени може да бидат клучната причина за ширењето на хантавирусот, предупредуваат аргентинските научници по смртните случаи на крузерот „MV Hondius“. Биологот Раул Гонзалез Итиг смета дека зголемувањето на инфекциите е тесно поврзано со промените во однесувањето на глодарите. „Глобалните климатски промени менуваат сè, а ова може да доведе и до појава на случаи на хантавирус на места каде што претходно не се случиле“, изјави Итиг за „The Guardian“. Тој појаснува дека по екстремните суши во 2023 и 2024 година, зголемените врнежи создале повеќе храна за животните, што го зголемило нивниот број. Вирусот привлече внимание бидејќи на…
Појавата на хантавирус на крузерот „MC Hondus“ предизвика загриженост во јавноста, но стручњаците смируваат дека ризик од пандемија не постои. Специјалистот за заразни болести Дарко Ножиќ појаснува дека андскиот сој е специфичен, но тешко пренослив. „Бидејќи нема лек за овој вирус, модерната медицина во единиците за интензивна нега може да преземе сите мерки за поддршка за да го спаси пациентот, пред сè, постојат респиратори бидејќи белите дробови се изложени на ризик во оваа форма. И ние го имаме овој вирус во Србија, само што имаме форма што ги напаѓа бубрезите и важно е да има апарати за хемодијализа“, вели д-р…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави ажуриран извештај според кој досега се регистрирани девет случаи на инфекција со хантавирус. Од нив, седум се официјално потврдени во овој бран на епидемијата, што е за еден случај повеќе од претходниот извештај. „Досега се пријавени девет случаи на хантавирус, од кои седум се потврдени во овој бран на епидемијата. Овој број е еден повеќе отколку во претходната верзија на извештајот. Најновиот случај е потврден во Франција“, соопштија од СЗО. Француската министерка за здравство, Стефани Рис, потврди дека состојбата на една пациентка која се вратила од Тенерифе се влошила. Во исто време, капетанот на…
Народниот календар го бележи Св. Еремија како еден од најзначајните пролетни празници во Македонија, чии обичаи примарно се насочени кон заштита од змии, гуштери и други влекачи. Иако празникот го слави старозаветниот пророк кој живеел шест века пред Христос, народните верувања имаат длабоки корени во подалечното минато. Највпечатлив обичај е бркањето на змиите вечерта спроти празникот. Низ многу краишта на Македонија, со удирање на маша во кација и чадење со сулфур, се изведуваат ритуали придружени со познатите стихови: „Бегај, бегај поганијо, ете ти го Еремија“. Овие дејствија се верува дека ја чистат куќата и дворот од штетници за целата година.…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати појаснување во врска со наводите на неговата бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, за наводна билатерална средба. Муцунски демантира дека се одржал официјален состанок, посочувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан.„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“. Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонски“…
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и јакнење на националните и државни интереси и капацитети. Со емоции на гордост и на тага, претседателката истакна дека иако физички се далеку од тука, нашинците во дијаспората и натаму се врзани за татковината. Таа потсети на зборовите на Бернард Шо…
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела).Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
Уште еден сателит во одбрана на криминалната група ВМРО-ОКГ, во момент кога Мицкоски повеќе не може да одговори на граѓаните на ниту едно прашање, се вели во соопштението од СДСМ. „Кога ВМРО нема аргументи, кога нема резултати, кога нема одговор за економијата, инфлацијата, криминалот и неисполнетите ветувања, ги активира своите сателити како Левица. Кога на ВМРО му се распадна системот на лаги дека малцинствата го загрозуваат македонскиот национален интерес, кога еврокомесарката јасно кажа дека парите од ЕУ за регионот се обезбедени, но реформите мора да се спроведат, кога на Мицкоски му остануваат уште 20 дена да ја исполни реформската агенда…
