Author: Author 04

Поради планирани технички зафати во електросистемот, делови од скопските населби Волково и Долно Соње утре ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „95“ во населбата Волково. Подоцна во текот на денот, во интервалот од 12:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и во село Долно Соње, поточно за корисниците од дел на улицата „16“.

Повеќе

Вчера во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира за појава на нестабилна облачна маса која веќе зафати делови од државата. Според последните мерења, на североистокот од Македонија е регистрирана нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР нагласуваат дека „нестабилната облачна маса се движи од запад према исток“.

Повеќе

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h, соопштија од УХМР.За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Денес и утре ќе дува…

Повеќе

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.А.(22), С.А.(18), Ј.К.(47), сите од Скопје и Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, лажеше и обвинуваше за криминал за Коридорот 8, додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во опозиција. „Коридорот е добар проект. Тоа беше Коридор за кој што ние од страна на Христијан Мицкоски бевме обвинувани дека е некаков голем, страшен криминал. Излезе една новинарска анализа, после обвинувањето за надзорот на автопатиштата, за кое што тогаш во…

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска го потпишаа новиот Меморандум за соработка меѓу двете институции во следните три години. Како клучен дел од документот се активностите за развивање, унапредување и имплементација на системот на интегритет во Јавното обвинителство, што се спроведува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. За таа цел, на потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килиан Вал. Согласно документот Јавното обвинителство и ДКСК ќе формираат работна група која ќе подготви специфично дизајнирана политика за интегритет…

Повеќе

Со негирање на вината започна судењето за 13-те полициски службеници кои се товарат за пропусти при контролата на кабарето „Пулс“ во Кочани, каде минатата година животот го загубија 63 лица. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска побара конструктивност од одбраната и одлучи процесот да продолжи со главна расправа, одбивајќи ги барањата за изземање и за одложување на предметот. „Очекував ова рочиште да биде поконструктивно. Може да продолжиме со рочиште за главна расправа. Сте ги примиле доказите и сте имале можност да се запознаете со нивната содржина“, порача судијката. Клучниот аргумент на Обвинителството е дека полицајците кои биле во кабарето не направиле ништо да…

Повеќе

Жалбената расправа пред Апелацискиот суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со излагање на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Тој пред судечкиот совет истакна дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти во логиката на настаните и оценувањето на клучните докази. Палевски посочи дека судот не направил анализа на дел од материјалните докази, конкретно за лепливата лента со ДНК од обвинетиот Велибор Манев пронајдена на жртвата. Според него, неоправдано е прифатено дека податоците за семејството биле добиени од Вања по грабнувањето, тврдејќи дека тоа е во спротивност со исказите на сведоците. Адвокатите на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев исто…

Повеќе

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со претседателката за нивните желби, амбиции и училишни активности, како и за потребата од поголема грижа за личното здравје и животната средина, за другарувањето и негувањето на бон-тонот во секојдневната комуникација. Низ разговорот и детските прашања се чувствуваше остроумноста на генерацијата којашто…

Повеќе