Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка

    Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка

    24.09.2026 во 21:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, се обрати на отворањето на 17-тата меѓународна конференција на тема „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества – ризици и предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Таа истакна дека за заштита на децата и целосната сигурност неопходни се меѓународна соработка, силно меѓуинституционално делување и јавно-приватно партнерство за развој на системи со вградена безбедност.

    Говорејќи за новите предизвици кои ги носи дигиталната трансформација, министерката нагласи:

    „Како што чекориме кон иднината, границата помеѓу физичкиот и дигиталниот свет, речиси целосно исчезнува. Вештачката интелигенција и паметните мрежи стануваат ткиво на нашите градови, економии, образование, здравство и инфраструктура. Оваа трансформација носи огромни можности, но и поголеми предизвици – проширени сајбер закани, дезинформации и заштита на приватност.“

    Јаневска подвлече дека Министерството за образование и наука може ефикасно да ги заштити младите само преку координиран пристап со МВР, Министерството за дигитална трансформација и академската заедница.

    Таа информираше дека МОН активно работи на јакнење на системот за создавање безбедносни кадри преку возобновување на средното полициско училиште, модернизација на студиските програми и финансирање на научно-истражувачки проекти од национален интерес. На настанот, покрај експертската фела, воведни обраќања имаа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Јонче Ивановски.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.