Македонија бележи забрзан раст на инсталираните капацитети од обновливи извори кој ги надминува плановите, потврдено од Секретаријатот на Енергетската заедница. Информацијата ја објави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, истакнувајќи дека со задржување на тековните напори земјата сигурно ѓи остварува целите за 2030 година.
Според нејзината објава на социјалните мрежи, националната цел за крајот на деценијата е достигање на 38 отсто удел на зелена енергија во бруто финалната потрошувачка.
„Продолжуваме со развој на домашното производство на чиста енергија,“ порача министерката.

