Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Предупредување од агрометеоролозите: Итно собирање на родот поради опасност од ран есенски мраз

    Предупредување од агрометеоролозите: Итно собирање на родот поради опасност од ран есенски мраз

    25.09.2026 во 18:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ниските температури, особено оние под нулата што беа измерени деновиве на некои повисоки места (Демир Хисар, Берово, Делчево, од -0,8 до -2,3 степени), може да предизвикаат сериозни штети во земјоделството, предупредуваат агрометеоролозите и апелираат, производителите итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено, ако сакаат да го спасат родот.

    На удар се, велат, пиперката, доматот и компирот, како и доцните сорти грозје.

    „Температурите под нулата во овој дел од септември претставуваат ран есенски мраз кој може да предизвика сериозни штети кај културите кои сè уште се во активна вегетација. Влијаат врз зеленчукот и овошјето кои сè уште не се прибрани. Кај едногодишните култури на кои повеќе им одговара топло време, како пиперката, доматот и компирот, можна е појава на оштетувања на листовите и на плодовите, а доколку грозјето од доцните сорти сè уште не е собрано, овие ниски температури можат да ја намалат содржината на шеќер во зрната. Поради тоа, се советува, земјоделците итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено за да го спасат родот“, порачуваат агрометеоролозите од УХМР.

    Останатите култури се во период на предсеидбена подготовка.

    „На оваа фаза треба да ѝ се посвети посебно внимание. Површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по ова да следи дополнителна површинска обработка за да се создаде растресит и иситнет слој во кој правилно ќе се посее семето. Паралелно со обработката, треба да се изведе и основното ѓубрење како клучна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор, на што мора да се обрне посебно внимание, а со ваквата правилна и навремена обработка се создаваат оптимални услови за акумулирање доволно влага во почвата и се стимулира активноста на корисните почвени микроорганизми“, објаснуваат агрометеоролозите.

    Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви.

    Прочитај повеќе

    ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена

    06.10.2026 во 14:11

    МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден

    06.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.