Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од ОН: Процесот на евроинтеграција е надвор од секој разумен рок, ЕУ да обезбеди предвидливост
    • Мицкоски пред Генералното собрание на ОН: НАТО, САД и ЕУ се наша една геополитичка ориентација
    • Предупредување од агрометеоролозите: Итно собирање на родот поради опасност од ран есенски мраз
    • Обвинителен акт во Струга: Шест лица обвинети за уништување на родната куќа на Владо Малески
    • 4 степени измерени во Македонија во 17 часот – УХМР соопшти каде е најстудено, а каде најтопло
    • Се уште не им доаѓа памет – Полицијата улови девет лица зад волан без положен возачки испит
    • Апсења во Скопје и Прилеп – Паднаа 14 лица
    • Муцунски во Њујорк: Интелигентната ера бара иновации, но и цврста одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од ОН: Процесот на евроинтеграција е надвор од секој разумен рок, ЕУ да обезбеди предвидливост

    Мицкоски од ОН: Процесот на евроинтеграција е надвор од секој разумен рок, ЕУ да обезбеди предвидливост

    25.09.2026 во 18:462 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, рече дека процесот на евро-интеграција трае надвор од секој разумен временски рок и ја повика Европската Унија да обезбеди предвидливост и почитување на правилата.

    „Нашата историја нѐ научи дека меѓународните компромиси се многу тешки и дека мирот, стабилноста и интеграцијата бараат политичка храброст и големи жртви. И без намера да звучам поучувачки, ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право — нешто што многумина го земаат здраво за готово — доволно е да погледне во поновата историја на мојата земја. Историја обележана со предизвици, со безбедносни ризици од регионални размери, со постојани компромиси и отстапки направени во име на мирот, соработката и повисоките цели на интеграцијата — често по цена на нашето најосновно чувство за достоинство и правда. Донесовме навистина тешки одлуки. Продолживме напред дури и кога процесите траеја подолго отколку што една генерација граѓани можеше разумно да очекува. Но токму затоа, гледајќи на тие одлуки со временска дистанца и со јасна свест за реалноста, денес можам одговорно да кажам дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска,“ истакна премиерот Мицкоски.

    Тој упати повик до Европската Унија, кога веќе бара од помалите земји – кандидатки да ги почитуваат нејзините правила, и таа самата да ги почитува правилата кои што ги поставила.

    „Ако од малите држави се очекува да ги почитуваат правилата, тогаш правилата мора и ним да им обезбедат предвидливост. Ако од кандидатите за членство во една организација се бара да исполнат одредени критериуми, тогаш исполнувањето на тие критериуми мора да води кон напредок. Ако бараме од граѓаните да им веруваат на институциите, тогаш институциите мора да покажат дека нивниот збор има вредност и дека преземените обврски траат. Правилото што важи денес не може утре да биде поинакво само затоа што се променил односот на силите. И преземената обврска не може да биде привремена политичка погодност. Таа мора да биде основа врз која луѓето ќе можат да ја планираат својата иднина,“ порача Мицкоски од говорницата на Обединетите нации.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски пред Генералното собрание на ОН: НАТО, САД и ЕУ се наша една геополитичка ориентација

    25.09.2026 во 18:31

    Муцунски во Њујорк: Интелигентната ера бара иновации, но и цврста одговорност

    25.09.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.