- Една земја воведува ригорозен закон: Се забрануваат социјалните мрежи за млади под 16 години
- Воена ескалација: Иран нападна 18 американски воени цели и го блокираше Ормутскиот теснец
- Летаа казни во Сарај и Ѓорче – Засилена сообраќајна контрола
- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
Author: Author 04
На 10.05.2025 (недела) во периодот од 08:00 часот до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км, со стартна позиција на бул.„Илинден“ пред фонтана Лотос, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа по ул.„Никола Парапунов“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта пред фонтана Лотос на бул.„Илинден“ во Скопје. Единицата…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат, извршила други плаќања, а на 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да каже дека нејзиниот сопруг е починат, го искористила полномошното и на шалтер од банката подигнала пари.
Вчера во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во неговиот семеен дом допирал по телото негова малолетна сосетка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 14:48 часот во СВР Штип е пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција. Увид извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Седумдесет и седумгодишен маж од Скопје бил пронајден починат вчера попладне во куќа во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот во полицијата бил пријавен околу 16:30 часот од страна на екипа на Итната медицинска помош. „Во куќа на улицата ‘Никола Тесла’ во Гостивар е пронајден починат Д.А.(77) од Скопје, кој живеел сам. Лекар констатирал смрт“, известија од полицијата. Увидна екипа од ОВР Гостивар извршила увид на самото место. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.
За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”. ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на животот!“, порача таа на отворањето на годинешната националната акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2026“. Говорејќи за односот на човекот кон природата, таа потсети на делото „Природен договор“ на францускиот филозоф Мишел Сера во коешто се истакнува дека човештвото мора да склучи пријателски договор со планетата Земја и да ја третира како…
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), каде беше потврдена взаемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка. Средбата која беше иницирана од страна на Европската служба за надворешни работи, е дел од воспоставениот Дијалог на ЕУ и МКД во доменот на одбраната и безбедноста, и ја потврдува и зајакнува јасната подготвеност на ЕУ за продлабочување на соработката со нашата земја, во областа на безбедноста и одбраната. Во оваа прилика министерот…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината. Акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има потреба. Според евиденцијата направена на терен, на територијата на Општина Чаир се идентификувани до 200 напуштени и хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и паркинг-простори во различни делови на општината. „Денес во Чаир не се реализира само симболична акција. Денес јавниот простор им го…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на отворањето на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади на плоштадот во Скопје. Тој изрази задоволство од масовноста на настанот и упати порака до младите спортисти. „Навистина прекрасна глетка, ова да се види денеска на плоштадот во Скопје, претставува нешто божествено. Мене ми е чест што сум на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади, убеден сум дека овие денови, овие недели, овие месеци од вашите животи ќе ги паметите цел живот“, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека спортот е еден од клучните столбови за развој на државата и ги повика…
