Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска одржа прес-конференција по повод судскиот процес кој го покрена поранешниот министер за земјоделство и поранешен вицепремиер, Љупчо Николовски, за наводна претрпена душевна болка. Манасиевски истакна дека Николовски не се појавил во судницата и порача дека очекува одговори на низа отворени прашања поврзани со имотот, бизнисите на семејството и функционирањето на институциите.

    Манасиевски изјави:

    „Имено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони жито од стоковите резерви, а потоа е набавена скапа пченица за стоковите резерви и за тоа дека како член на владата било дадено 1,4 милиони на фирмата на Заеви под име „Тргопродукт“. Наместо со факти да демантира, тој не дојде денеска на суд да каже дека моите тврдења душевно го повредиле и дека тој претрпел душевна болка. Љупчо, остави ја душевната болка на страна. Ти си политичар. Ако толку лесно душата ти е повредена, повлечи се од политиката. А ако сепак остануваш, тогаш дај факти дека на Заеви не си им дал 1,4 милиони евра“.

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на лекарскиот наод приложен во тужбата, посочувајќи дека вештото лице е долгогодишен член и донатор на СДСМ, како и директор на Клиниката за психијатрија именуван во времето кога тужитерович бил министер.

    Во продолжение, Манасиевски постави неколку конкретни прашања до Николовски:

    • Дали поседува непријавен дуплекс стан од околу 180 метри квадратни во „Дајмонд мол“?
    • Дали ги користел службените возила на СОЗР за приватни патувања од Скопје до Крива Паланка само за да се шиша кај свој пријател?
    • Дали е точно дека компанијата „Лариком шпед“, во сопственост на неговиот брат Илија Николовски, забележала раст на приходите од над 1100% за време на неговото министерување?

    На крајот, Манасиевски повика надлежното Јавно обвинителство да го истражи случајот со кусокот од 2.000 тони жито во стоковите резерви и начинот на доделување на грантот од 1,4 милиони евра од ИПАРД програмата за компанијата поврзана со семејството Заеви.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.