Author: Author 04

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги жртвува националните интереси за политички поени. Според него, СДСМ нема црвени линии кога станува збор за опстанокот на власт. „Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка“, истакна Манасиевски. Тој посочи дека Филипче го продолжува планот на Зоран Заев за, како што рече, „уништување на Македонија“, додворувајќи им се на странски агенди. Манасиевски нагласи дека претходните договори се доказ за…

Повеќе

Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу делегациите на Македонија и Словачка, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за финансии Ладислав Каменицки, што се одржа денеска во рамки на официјалната посета на министерката на Словачка. На работната средба на двете делегации се разговараше за тековните макроекономски и фискални состојби, анализата на јавните трошоци и управувањето и евалуацијата на јавните инвестиции, како и за дигиталните алатки во даночниот систем, меѓу кои е-фактура, е-фискализацијата и QR плаќањата. „Дозволете ми…

Повеќе

Вчера во 18:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(65) од Кичево. При претреси во неговиот дом и помошни простории во Кичево и во с.Попоец, кичевско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Мицкоски повторно прибегнува кон старата техника на мачкање очи. Кампњата е почната. Еден дел од кампањата е заострување на односите со Бугарија. Иако се уште не формирана владата во Бугарија, тој веќе изјави дека не очекува подобрување, туку заострување на односите, се вели во соопштението од СДСМ.  „Уште минатата година, во јули, бугарскиот претседател Румен Радев јасно кажа дека Македонија сама себе си го блокира патот кон ЕУ. Оваа кампања се води токму за да има готово објаснување зошто не се внесуваат малцинствата во Уставот. Вториот дел од кампањата е напад на СДСМ дека ја кочи реформската агенда со Изборниот…

Повеќе

Македонското новинарство денеска загуби еден од своите најпрепознатливи гласови во внатрешната политика. По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на Медиумската информативна агенција (МИА), Ирена Радовановиќ. Радовановиќ ја започна својата кариера во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде работеше една деценија. Нејзиниот професионален пат продолжи низ редакциите на „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Својот новинарски печат го остави и во неделникот „Форум“, дневниот весник „Дневник“ и Радио „Слободна Македонија“. Од 2014 година, таа беше дел од внатрешно-политичката редакција на МИА, работејќи како новинар и аналитичар. Колегите ја опишуваат како исклучителен професионалец чија посветеност трајно ќе остане…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го означи почетокот на големата еко-акција „GENERALKA WEEKEND“. Манифестацијата, која се смета за најмасовна на Балканот, годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини и над 250 државни институции. На настанот присуствуваа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина Муамер Хоџа и заменичката Ане Лашкоска. „Денешниот настан е силна порака. Порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност, дека секој од нас има улога во изгледот на својата улица, своето маало, својот град и својата држава“, истакна Ѓорѓиевски. Тој посочи дека акцијата се спроведува на…

Повеќе

Шпанската полиција пресретна товарен брод со рекордни 30 тони кокаин во близина на бреговите на Африка. Како што пренесува ДПА, повикувајќи се на соопштенија од судските власти, ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за заплена е плод на широка меѓународна соработка. Акцијата била спроведена во координација со американските власти и холандската полиција. Судските власти на шпанските Канарски Острови соопштија дека вредноста на запленетата дрога изнесува над 812 милиони евра. Поради сериозноста на случајот, судија на Канарските Острови веќе им одреди мерка притвор на сите 23 членови на екипажот на бродот. Истрагата продолжува со цел да…

Повеќе

Македонија денеска ќе биде под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе донесе промена на временските прилики во целата држава. Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поинтензивни. Според најавите на синоптичарите, се очекува „врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и појава на грмежи“. Граѓаните се повикуваат на внимателност поради можноста од локална нестабилност проследена со електрични празнења и поголемо количество воден талог во краток временски период.

Повеќе

ОвенПреземате контрола во ситуации каде претходно сте реагирале импулсивно. Во љубовта, дистанцата ви помага да видите појасно. Работата бара стратегија. Насочете ја енергијата паметно. БикСе соочувате со прашања поврзани со кариерата и насоката. Во љубовта, не се затворајте кога чувствувате притисок. Работата бара одлучност. Време е за конкретен чекор. БлизнациПерспективата се менува и ви носи ново разбирање. Во љубовта, отворете се за поинаков пристап. Работата носи идеи што треба да се структурираат. Искористете ја менталната јасност. РакДлабоките емоции бараат внимание, но овојпат со повеќе контрола. Во љубовта, не се плашете да поставите граници. Работата бара трансформација. Фокусирајте се на стабилност.…

Повеќе

Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светиот апостол и евангелист Марко, сопатник и близок соработник на апостолот Петар. Свети Марко е авторот на едно од четирите Свети Евангелија, напишано во Рим на барање на верниците, а посведочено како вистинито од самиот апостол Петар. По неговото ракополагање за епископ, Марко бил испратен на мисија во Египет, каде станал првиот проповедник на Христовата наука. Со Божја помош, тој успеал да го рашири христијанството низ Либија, Амоникија и Пентапол, по што во Александрија ги поставил темелите на првата Црква. Неговото делување било проследено со големи чуда, што предизвикало гнев кај незнабошците. По…

Повеќе