Close Menu
Press24
    Најново

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Во понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    26.09.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска е Крстовден
    • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд
    • Вучиќ и Путин разговараа за гасниот договор и енергетиката: Српскиот претседател најави оставка
    • Филипче од Свети Николе: Власта да ги поддржи законите за минимална плата од 600 евра
    • Филипче во Свети Николе: Власта ги остави граѓаните без помош во време на криза и високи трошоци
    • ОЈО спроведе истрага против и бара притвор за инспекторка од АХВ во Скопје – Барала 250 евра поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект
    • Силувано дете во Тетово: 62-годишник сам се пријавил во полиција по објавено видео на социјалните мрежи
    • Скопјанка го пријавила деверот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Крстовден

    Денеска е Крстовден

    27.09.2026 во 10:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден, празникот посветен на Воздвижението на чесниот Господов крст, кој се слави во спомен на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и неговото враќање од Персија во Ерусалим.

    Според црковното предание, наоѓањето на чесниот крст во четвртиот век ѝ се припишува на царицата света Елена, мајката на царот Константин Велики. По откривањето на трите крста на Голгота, вистинскиот Христов крст бил препознаен преку чудата на исцелување на болна жена и воскресение на покојник. На овој ден се одбележува и неговото враќање од персиско заробеништво во 628 година, кога царот Ираклиј лично го пренел во Ерусалим.

    Црквата овој празник го определила како строг пост и тежок празник во знак на сочувствување со страдањата на Спасителот. Според народните обичаи, денеска не се работи, се практикува строг пост „за крст“, а во одредени региони се изведуваат традиционални обреди со осветена вода и благословување на семејството и земјоделските семиња.

    Именден на овој ден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан и други.

    Спаси ги, Господи, луѓето Твои, и благослови го наследството Твое, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со Крстот Твој заштити го Твоето жителство.

    Прочитај повеќе

    Утре е тежок празник и строг пост

    26.09.2026 во 13:04

    Дневен хороскоп: Овенот да избегнува трошоци, нови можности за Лавовите

    26.09.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.