Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ и Путин разговараа за гасниот договор и енергетиката: Српскиот претседател најави оставка

    Вучиќ и Путин разговараа за гасниот договор и енергетиката: Српскиот претседател најави оставка

    26.09.2026 во 15:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска остварил едночасовен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, при што фокусот бил ставен на енергетската соработка и продолжувањето на договорот за испорака на руски гас по поволна цена.

    Договорот истекува на 30 септември, а според најавите, Србија очекува да продолжи да плаќа 318 евра за 1.000 кубни метри гас, наспроти актуелната пазарна цена од околу 868 евра.

    – Верувам дека по денешниот разговор договорот ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас – изјави Вучиќ.

    Покрај енергетиката, двајцата лидер разговарале за состојбата во НИС, билатералните односи, војната во Украина и можното учество на Руските железници во инфраструктурни проекти. Вучиќ му се заблагодарил на Путин и за помошта при гаснењето на пожарите со ангажирање на авионот „Иљушин“.

    Кон крајот на разговорот, српскиот претседател го информирал рускиот колега за неговата одлука да се повлече од функцијата.

    – На крајот, во име на Република Србија и во мое лично име, ѝ се заблагодарив на Руската Федерација и на претседателот Путин за соработката во изминатите 14 години и го информирав дека утре поднесувам оставка – изјави Вучиќ.

    Очекувањата се оставката да биде поднесена во недела, 27 септември, околу 20 часот.

    Прочитај повеќе

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.