Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

    Ѓорѓиевски: Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

    25.09.2026 во 16:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје следната година ќе биде домаќин на Светското првенство во танц, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за време на своето обраќање на Европското првенство во танц што се одржува во главниот град. На европскиот собир учествуваат повеќе од 2.900 танчери од 26 европски земји.

    Ѓорѓиевски им посака топло добредојде на сите учесници, истакнувајќи дека градот овие денови живее во ритамот на младоста, енергијата и талентот.

    „Скопје денес е голема европска сцена на која се среќаваат култури, се создаваат нови пријателства и се споделува една заедничка страст, љубовта кон танцот. Танцот е јазик кој не познава граници. Во него се спојуваат талентот, дисциплината, емоцијата и посветеноста“, истакна Ѓорѓиевски.

    Тој им посака успешни настапи на натпреварувачите, со желба од Скопје да понесат прекрасни спомени.

    Во однос на претстојниот глобален настан, градоначалникот нагласи дека тоа претставува големо признание и потврда за капацитетите на градот.

    „Со особена гордост најавив дека следната година Скопје ќе биде домаќин и на Светското првенство во танц, големо признание за нашиот град и потврда дека Скопје има капацитет, енергија и амбиција да биде домаќин на најголемите меѓународни настани. Добредојдовте во Скопје, во градот кој овие денови танцува заедно со Европа, а следната година ќе танцува со светот!“ порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена

    06.10.2026 во 14:11

    МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден

    06.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.