- По 30 години нов Кривичен законик: Македонија подготвува големи промени во казненото законодавство
- Тошковски: Сега веќе нема да знаете каде се ве снима камера од Сејф сити
- Удрил 17-годишна девојка со тротинет во Тетово и избегал – малолетничката е тешко повредена
- Измама во тетовско: Пензионер платил 400 евра за помош и нега од друго лице, па го пријавил посредникот во полиција
- Влегол во училиште за време на големиот одмор и нападнал две деца: Драма во училиште во Македонија
- Нема да можете да се сокриете од камерите: „Безбеден град“ добива мобилни камери и полициски возила со радари
- Министри, директори, попови – не знаете кој се не ми се јавил за казна од Сејф Сити
- Филипче: Во кое својство Мицкоски тврди дека нашол купувачи за „Алта банка“
Author: Author 04
Најмалку 19 лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати по обилните дождови и невремето што предизвикаа сериозни поплави и свлечишта во делови од Индија и соседен Непал, соопштија индиските власти. Најтешко погодена е индиската сојузна држава Утар Прадеш, каде во последните 48 часа животот го загубија 15 лица, а петмина се повредени. Невремето оштети 117 куќи, зафаќајќи повеќе од 60 области. Според официјалните податоци, во периодот од 24 часа заклучно со саботата, во делови од оваа сојузна држава биле измерени врнежи кои биле 19 пати поголеми од вообичаените. Во соседен Непал, три деца и една жена ги загубија животите…
Лавров во ОН: Европа ја поттикнува војната во Украина и прави сè за да ги спречи мировните преговори
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации ги обвини европските држави дека ја поттикнуваат војната во Украина и прават сè што можат за да ја спречат можноста за мировни преговори. „Со оглед на тоа што Европа ја разбира бесмисленоста на своите напори, таа прави сè што може за да спречи мирно решение и да ја попречи можноста за преговори, за кои се заинтересирани многу страни, вклучително и владата на американскиот претседател Доналд Трамп“, наведе Лавров. Тој посочи дека Западот ја снабдува Украина со оружје и му помага на Киев „да ги таргетира цивилите…
Полска и Литванија развиваат заеднички план за прекугранична евакуација на цивили од балтичките земји во случај на вонредна криза или воена закана, кој предвидува можност за преместување на дел од населението од Литванија, Латвија и Естонија на полска територија. Шефот на Националниот центар за управување со кризи на Литванија, Вилмантас Виткаускас, потврди дека предлогот е во фаза на развој. Литванските и полските претставници ги анализираат процедурите, логистичките можности и инфраструктурните капацитети, по што ќе се дефинира детален план. Овие подготовки се дел од литванската вежба „Вичио Склијаутас 2026“, која трае од 25 септември до 3 октомври, со цел да се…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.3.Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека настапот на групата поранешни функционери пучисти со претставници на Левица и други партии, сателити на Мицкоски е вморвска шема – план пишуван во белата палата на Мицкоски. Филипче потенцираше дека ова е обид за дефокусирање на јавноста, токму во моментот кога СДСМ ги отвора најголемите скандали за криминалната власт на Мицкоски, во време кога рејтигнот на ВМРО паѓа а на СДСМ расте. „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“,…
Вчера во 16:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода В.И.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 45-годишна сопруга. По документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски. „Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче.Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ.„Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа…
Вчера во 10:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.Д.Ф.С.(35) од Франција затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистчки работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. На 06.08.2026 во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените…
Ноќеска во 02:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 15:00 часот на 26.09.2026 до пријавувањето со употреба на сила било влезено во објект на станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ на подрачјето на Чаир и од канцеларијата на раководителот е одземен ресиверот од видео надзорот. Полициски службеници излегоа на местото и притоа е контстатирано дека со употреба на сила е влезено во експозитура на една банка, како и во канцеларијата на МВР, кои се во склоп на објектот, но не е одземено ништо. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
