Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Разорни поплави и свлечишта во Индија и Непал: Најмалку 19 загинати и 10 исчезнати

    Разорни поплави и свлечишта во Индија и Непал: Најмалку 19 загинати и 10 исчезнати

    27.09.2026 во 15:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 19 лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати по обилните дождови и невремето што предизвикаа сериозни поплави и свлечишта во делови од Индија и соседен Непал, соопштија индиските власти.

    Најтешко погодена е индиската сојузна држава Утар Прадеш, каде во последните 48 часа животот го загубија 15 лица, а петмина се повредени. Невремето оштети 117 куќи, зафаќајќи повеќе од 60 области. Според официјалните податоци, во периодот од 24 часа заклучно со саботата, во делови од оваа сојузна држава биле измерени врнежи кои биле 19 пати поголеми од вообичаените.

    Во соседен Непал, три деца и една жена ги загубија животите кога свлечиште затрупа куќа додека семејството спиело во селото Ниши Кола, во округот Баглунг. Дополнително, 10 непалски работници се водат како исчезнати откако лавина го затрупа нивниот камп во планинскиот дел на северниот округ Мананг, додека поставувале шатори за странски планинари кои не биле присутни во моментот на несреќата.

    Како одговор на кризата, непалските власти издадоа предупредување за можни ненадејни поплави во 49 од вкупно 77 окрузи. Во повеќе од половина од нив постои висок ризик од поплави и поројни надојдени води, додека водостоите на големите реки и нивните притоки и понатаму продолжуваат да растат.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.