Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мала група поранешни функционери во соработка со други партии дејствува за ослабување на СДСМ

    Филипче: Мала група поранешни функционери во соработка со други партии дејствува за ослабување на СДСМ

    27.09.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.

    „Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче.

    Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ.

    „Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче.

    Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката.

    „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој.

    Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата продолжува со консолидацијата и со подготовката на политики во интерес на граѓаните.

    „СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата“, истакна Филипче.

    „Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.