Ниту министрите, ниту директорите, ниту верските лица не се поштедени од сообраќајни казни. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека бројни функционери и јавни личности му се пожалиле дека добиле казни, што според него е потврда дека системот функционира и дека никој не може да избегне санкција поради својата позиција.
„Многу, многу, не знаете колку многу ми имаат кажано дека министри, директори, не знам, црковни лица од една, од друга, од трета религија и така натаму. Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната“, изјави Тошковски.
Министерот посочи дека и самиот добил и платил казна, нагласувајќи дека системот важи за сите, независно од функцијата што ја извршуваат.

