Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лавров во ОН: Европа ја поттикнува војната во Украина и прави сè за да ги спречи мировните преговори

    Лавров во ОН: Европа ја поттикнува војната во Украина и прави сè за да ги спречи мировните преговори

    27.09.2026 во 15:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации ги обвини европските држави дека ја поттикнуваат војната во Украина и прават сè што можат за да ја спречат можноста за мировни преговори.

    „Со оглед на тоа што Европа ја разбира бесмисленоста на своите напори, таа прави сè што може за да спречи мирно решение и да ја попречи можноста за преговори, за кои се заинтересирани многу страни, вклучително и владата на американскиот претседател Доналд Трамп“, наведе Лавров.

    Тој посочи дека Западот ја снабдува Украина со оружје и му помага на Киев „да ги таргетира цивилите и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и ракети“. Лавров најави и продолжување на војната во Украина.

    „Нашата борба за вистина и правда ќе продолжат до крај … Воените цели ќе бидат постигнати … Заканата по руската безбедност ќе биде отстранета и ќе биде обновен мирниот живот“, истакна Лавров во ОН.

    Тој наведе дека Западот се обидува да им ги наметне своите правила на сите и дека сè повеќе прибегнува кон чиста сила.

    „Западот сè повеќе прибегнува кон чиста сила, дејствувајќи непредвидливо и неодговорно, загрозувајќи ги животите и благосостојбата на милиони, ако не и милијарди жители на оваа планета што ја делиме“, посочи Лавров.

    Прочитај повеќе

    Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера

    06.10.2026 во 18:33

    Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици

    06.10.2026 во 18:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.