Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Савески: Eден обвинител работи работа за тројца

    Савески: Eден обвинител работи работа за тројца

    16.09.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови и ограничените финансиски средства се клучните предизвици во работењето на Јавното обвинителство, истакна државниот јавен обвинител Ненад Савески за време на презентацијата на Годишниот извештај за 2025 година пред Советот на јавни обвинители.

    Савески нагласи дека системските проблеми со човечките ресурси се повторуваат со години и влијаат врз динамиката на постапките.

    „Имам впечаток дека еден обвинител работи работа за тројца, што влијае врз темпото на постапките, но не и врз квалитетот на обвинителските одлуки“, изјави Савески.

    Тој апелираше за побрзо носење на Законот за јавно обвинителство, кој долго време е во собраниска процедура, со почитување на препораките на Венецијанската комисија во однос на буџетското финансирање. Во врска со актуелните предмети, меѓу кои и притворот за Дејан Јованов во случајот „Пулс“, Савески потсети дека одлуките за мерките ги носат надлежните обвинители согласно Законот за кривична постапка. Коментирајќи ја прославата за јубилејот од независноста, тој додаде:

    „Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира и доколку најде основи, ќе постапи.“

    Во однос на новиот правилник за избор на шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, државниот јавен обвинител оцени дека тој воведува повисоки стандарди на транспарентност и им овозможува на кандидатите јавно да ги претстават своите програми.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.