- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
Author: Author 04
Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Оваа фаза од судењето е фокусирана на изведување на материјалните докази предложени од Јавното обвинителство. Трагедијата се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“. Претходното рочиште го одбележа сведочењето на директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, кој ги презентираше обдукциските наоди за причините за смртта кај жртвите. „Јаглероден моноксид: Главна причина за смртта кај жртвите е насилно задушување со овој токсичен гас“, стои…
Денешниот ден означува почеток на период во кој вистинските промени се случуваат на внатрешен план, а астролозите советуваат да не се влегува во брзи потези. Овен – Вашата визија за иднината се менува. Она што порано изгледало јасно, сега бара преиспитување. Во љубовта не инсистирајте на стари модели, а на работата и е потребен нов пристап. Бик – Фокусот е на кариерата. Сфаќате дека нешто повеќе не ве исполнува. Во љубовта не мешајте емоции и работа, а на професионален план бидете трпеливи. Близнаци – Вашите уверувања се менуваат, што е знак за раст. Во љубовта отворете се за нови перспективи,…
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера на автопатот А3 кај местото Среданац, во правец кон Брегана. Во несреќата учествувал камион кој по излетување од коловозот целосно изгорел, при што животот го загубил возачот кој останал заробен во кабината. Според информациите од Полициската управа Брод-Посавина, несреќата е пријавена во 14:15 часот во подрачјето на општина Доњи Андријевци. „Утврдено е дека засега непознатиот возач го возел камионот во јужна лента, по што тој излетал од патот по северната страна“, соопшти полицијата, додавајќи дека на местото се пронајдени регистарски таблички од Република Северна Македонија. Истрагата покажала дека камионот прво ја…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ја разгледува можноста за продолжување на породилното отсуство на дванаесет месеци. Според директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во тек се анализи кои треба да ги утврдат финансиските импликации и потенцијалните ефекти од ваквата мерка врз системот. Фокусот на анализите е насочен кон поврзаноста на боледувањата со самиот процес на бременост и мајчинство. „Се обидуваме низ анализата да видиме колку се тие боледувања пред и после породилното поврзани со истиот процес на бременост. Во зависност од тоа може да видиме како може да го подобриме механизмот, бидејќи ако имаме чести пред и потоа боледувања според мене…
Македонските граѓани денеска го одбележуваат Ѓурѓовден, празникот на Свети Георгиј Победоносец, кој во народот се означува како почеток на летната половина од годината. Празникот е исполнет со мистични ритуали и обичаи насочени кон обезбедување здравје и напредок во семејството. Клучниот дел од празнувањето се обичаите со вода и зеленило. Куќите се китат со венчиња од билки, а се практикува и ритуално миење со вода во која претходната вечер биле потопени здравец и црвено јајце. „Според верувањата, децата се мијат ‘за да бидат здрави како дрен’, девојките ‘за да бидат посакувани’, а старите ‘за да ги служи здравјето’“, велат познавачите на…
ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ѝ боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, велат од ВЛЕН. „Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава на ДУИ, кои политиката ја сфатиле само како качување на фотелја, тендери и личен комодитет. Разликата е голема. Изет бил меѓу народот во маало, додека тие…
СДС и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За Венко Филипче и СДС европскиот пат е алиби за прифаќање на се и сешто на штета на националните интереси, само СДС да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка. Венко Филипче, во обид да ја задржи лидерската позиција во СДС, сѐ повеќе ја турка политиката на безусловни отстапки кон Бугарија. Додека Филипче зборува за проевропски пат и се продава како единствен арбитер на европскиот пат на државата, истовремено соработува со луѓе кои имаат проруски ориентации…
ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство, велат од СДСМ. „СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието. Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“. Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот? Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ: Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата…
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска неколку скопски улици ќе се соочат со прекин во снабдувањето со струја. Од ЕВН Македонија информираат дека интервенциите ќе се одвиваат во две општини. Во општина Шуто Оризари, во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без напојување ќе останат корисниците од улиците: Истовремено, прекин е најавен и за населбата Драчево во општина Кисела Вода. Таму, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Јустинијан Први“.
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и релативно високи дневни температури. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури се движат во интервал од 3 до 10, додека максималните во текот на денот ќе достигнат од 21 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимална температура до 7 и максимална до 26 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат промена на временската состојба веќе од утре. „Од утре попладне…
