Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Генералот Сашко Лафчиски на конференцијата на А-5 во Задар: Регионалната соработка е клучна за безбедноста

    Генералот Сашко Лафчиски на конференцијата на А-5 во Задар: Регионалната соработка е клучна за безбедноста

    16.09.2026 во 16:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Задар, Република Хрватска.

    На денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид, се дискутираше на темата „Остварување на регионалните придобивки“.

    Генералот Лафчиски, во своето обраќање на работните тематски сесии на конференцијата, го истакна  значењето на хуманитарната помош и помошта при катастрофи и подобрување на соработката, која се развива во рамките на А-5 иницијативата, борбата против транснационалниот организиран криминал и градење заеднички регионален одговор, како и  важноста на воената мобилност и инвестиции во инфраструктура со двојна намена.

    По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на одбранбените способности, како и проширување на воената соработка со цел унапредување на регионалната безбедност.

    Во рамките на програмата, генералот Лафчиски оствари средба со врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR) воедно и командант на европската команда на САД за Европа (EUCOM), генералот Алексус Гринкевич и со заменик-командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, генерал-потполковник Питер Скот. Дополнително, генералот Лафчиски оствари и  билатерални средби со дел од началниците на Генералштабовите од земјите членки на А-5 и со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Хенри Хардер.

    Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа воени претставници од Генералштабовите на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

    Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки на А-5.

    Во изминатите години, А-5 се афирмираше како значајна регионална рамка за продлабочување на одбранбената соработка, зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на заедничките безбедносни интереси.

    Прочитај повеќе

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30

    И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ

    06.10.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.