- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Вчера во 15:42 часот во СВР Скопје, Б.С.(68) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во дворот од куќата пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.K.Д.(27), С.М.П.(40), Т.С.Д.(44), тројцата од Непал, Р.К.(33) и J.A.(27), двајцата од Индија, сите со престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во пријавеното престојувалиште, пријавените неовластено држеле и одгледувале марихуана, која била пронајдена во текот на јуни 2025 година.
На 04/05.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.С.(22) и С.И.(35), двајцата од Скопје, Ф.И.(18) од с.Петровец, скопско и С.Б.(35) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Романскиот парламент денеска изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Илие Боложан, со што се стави крај на мандатот на досегашната проевропска коалиција. За соборување на владата гласаа вкупно 281 пратеник, одлука која во собраниската сала беше дочекана со силен аплауз. По гласањето, Боложан веднаш ја напушти зградата на парламентот, а земјата сега се соочува со потенцијален повеќенеделен застој во формирањето на нов кабинет. Во своето последно обраќање пред пратениците, Боложан упати остри критики кон предлогот за негова смена, нарекувајќи го политички маневар. „Изгледа како да е напишан од луѓе кои не биле во владата секој ден и не учествувале…
Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни тројцата полицајци од Кочани обвинети за злоупотреба на службената положба. На Кире Богатинов и Горан Лазаров им е изречена условна казна затвор од една година, додека командирот на ПС Кочани, Александар Темелков, е осуден на условна казна од две години, која нема да се изврши доколку во период од четири години не стори ново дело. Судијката Лидија Петровска во образложението на пресудата истакна дека судот ги зел предвид олеснителните околности, но нагласи дека суштината на нивната должност изостанала. „Обвинетите своите службени должности ги извршиле само привидно. Формата била запазена, но суштината изостанала.…
Бројот на контроли врз издавањето боледувања во 2025 година е речиси двојно зголемен во споредба со претходната година, информираше денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека овие контроли помагаат во лоцирање на недостатоците во системот. „Продолжуваме понатаму со контролите кои истовремено се потврда каде има недостатоци во системот. Сега имаме големо барање од Министерството за одбрана за контроли“, истакна Клековски. ФЗО веќе формираше работна група која работи на измени на правилникот за боледувања. Процесот вклучува консултации со матичните лекари, синдикатите, работодавачите и здруженијата на пациенти за да се утврди каде се најголемите пропусти. Целта…
ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) воведува нов систем за организација на јавните паркиралишта. Главната новина е што секоја станбена единица ќе добие право на бесплатно паркирање за едно возило во својата зона на живеење. Од претпријатието појаснуваат дека целта на овие измени е да се обезбеди поголема достапност на просторот за локалните жители и подобра ефикасност во управувањето. „Со новиот модел, секоја станбена единица добива обезбедено бесплатно паркирање за едно возило во својата зона, како гаранција за приоритет и достапност за жителите. Дополнително, се овозможуваат и проширени опции за користење на услугите на претпријатието за корисниците кои имаат потреба…
Премиерот Мицкоски ветуваше поевтини горива, но се случи нов бран на поскапувања, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ова е уште еден удар врз семејниот буџет на граѓаните, додека власта упорно одбива да донесе конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Од денеска повторно поскапеа горивата, иако премиерот ветуваше дека тоа нема да се случи. И тоа значи уште еден нов удар врз стандардот и ново покачување на цените.Премиерот и неговата влада сè уште одбиваат да ги прифатат нашите предлог-мерки, да се укине ДДВ-то на храната, со што храната, која значајно поскапе, може…
Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит. Лидл Северна Македонија нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени. Обуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да…
Македонија се подготвува за првиот посериозен топол бран годинава, кој ќе донесе летни температури на воздухот. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, претстојниот викенд ќе обележи значително затоплување низ целата држава. Особено топло ќе биде во централните и југоисточните предели, каде се очекува живата во термометарот да се искачи и до 30 степени. „Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени“, вели Попоски. Освен дневните, значително ќе пораснат и утринските температури, со што целосно…
