Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Од УХМР информираат дека оо сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

